Број 3361  среда, 18 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

„Македокс“ патува низ Македонија

Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“, кој се одржа во текот на јуни првпат, ќе го продолжи својот пат во промовирање на документаристиката низ Македонија, онака како што најави. Имено, овој фестивал, кој од 5 до 12 јуни прикажа 63 документарци во Скопје, имаше за цел да ја разбие практиката на централизирање на ку��турните манифестации и со воведување „патувачкото кино“ во текот на август да прикаже дел од својата програма во 11 општини низ Македонија. За жал, сега, за оваа прва година организаторите, сепак, одлучија тоа да бидат само пет помали градови и општини.

Направен е избор на неколку креативни документарни филмови кои беа прикажани на фестивалот и план е нивното прикажување да се одвива под отворено небо. Стартот беше во Скопје вчера со тоа што првата проекција се одржа во „Ориент експрес“. Следуваат Прилеп на 20 август, Витолиште на 21, на 24 и 25 август ќе се оди во Дојран и во Кочани, а на 26 и 27 „патувачкото кино“ завршува во Богданци.

Фестивалот на креативен документарен филм имаше цел да се надоврзе на големата традиција која Македонија ја има во поглед на документарниот филм. А „патувачкото кино“ најнепосредно сака да потсети на едно време, кога филмот ни доаѓаше дома, поблиску и поотворено до публиката. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 415 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Татковци и деца
Конференција за соработка во културата во Охрид
Концерт на европски пијанисти