Концерт на европски пијанисти
Во салата на Факултетот за музичка уметност - Скопје, вечерва во 20,30 часот, во рамките на македонската сесија од проектот „Пијано-рефлексија на европската култура“, ќе настапат пет пијанисти: Пјотр Косински - Полска, Николаус Гушлбауер - Австрија, Павел Мотичински - Полска, Јунус Херман - Австрија и Алесандро Требески - Италија. Ќе изведат ��ела од Прокофиев, Скрјабин, Скарлати, Шопен и др.
Македонската сесија од европскиот пијано-проект, кој е поддржан од ЕУ, започна вчеравечер во истиот простор. Проектот опфаќа пет, 10 до 12 дневни пијано-сесии кои се одржуваат и во Франција, Австрија, Полска и во Молдавија.
Коорганизатор на проектот од земјава е Државното музичко училиште од Битола, а овој проект е воедно и прв од таков вид во Македонија, како дел од програмата „Култура 2007-2013 – соработка со трети земји“. Координатор е Панде Тунтевски, директор на Државното музичко училиште, а уметнички директор, професорката Маргарита Татарчевска, шеф на одделот за пијано.
Сесијата во Македонија опфаќа мастер-часови со познатите професори по пијано од ФМУ, Борис Романов и Тодор Светиев, како и три предавања од областите на музиката со проф. Јана Андреевска, историја и археологија со Аница Георгиевска и фолклор со Ивона Опетческа - Татарчевска.
Европските пијанисти ќе одржат концерти и на 24 и 26 август во салата на Завод, музеј и галерија во Битола. (К.Б.) |