Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

Концерт на етносоставот „Езерки“ и оркестарот „7/8“

Вокалниот етносостав „Езерки“ и оркестарот „7/8“ утре во 20,30 часот ќе настапат пред домот на Мајка Тереза. По успешната турнеја низ бившите ЈУ-простори „Езерки“ и „7/8“ повторно доаѓаат во Македонија.

Двата состава работат под закрила на Хрватско-македонското друштво во Хрватска, а од 1995 година преку своите карактеристични изведби и неколку издадени албуми ја претставуваат Македонија низ цел свет. Нивните изведби претставуваат сплет на уникатни македонски ора и песни изведени на традиционален начин, но во модерен аранжман.

Ансамблот „Езерки“ има 17 члена, пет од Македонија, а другите се од Хрватска. Од 2000 година соработуваат со оркестарот „7/8“, составен од девет хрватски музичари кои свират на 12 традиционални македонски инструменти, меѓу кои кавал, тапан, тарабука, дајре. Во Хрватска ги препознаваат како балкански „Буена виста сошал клуб“. Досега имале повеќе од 80 настапи.


#
Статијата е прочитана 388 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Панкот не е мртов“ ќе се бори за 10 илјади долари
Џон Малкович со модно шоу во Карлови Вари
Сонот што се остварува е подобар од сонот што се негува
Билјана Гарванлиева - предавач на Доку корнер во Сараево
„Античкиот град на Исар-Марвинци“ прва електронска археолошка книга

"""