Број 3609  понеделник, 20 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Култура

„Панкот не е мртов“ ќе се бори за 10 илјади долари

Зад филмот на Блажевски во Карлови Вари ќе застане Филмскиот фонд и, конечно, ќе имаме презентација како што и' доликува на една земја

Македонскиот филм „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски во каталогот за 46. издание на Филмскиот фестивал во Карлови Вари е опишан како жесток независен роуд-муви, за чии протагонисти панкот не е само музика туку целиот нивен живот. „Панкот не е мртов“ влезе во конкуренција во програмата „Источно од Запад“, каде што заедно со уште 11 европски филмови од овој дел на светот ќе се бори за наградата која изнесува 10 илјади долари.

Покрај Македонија, во оваа програма се селектирани два филма единствено од Русија, а по едно остварување доаѓаат од: Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Полска, Чешка, Словачка, Азербејџан, Грузија и Казахстан. Пет филма ќе ги имаат своите светски премиери, но меѓу нив не е и нашиот филм. „Панкот не е мртов“ е најавен како интернационална премиера, иако баш и не ни е јасно зошто, со оглед на тоа што ова е првата официјалн�� премиера надвор од нашата земја. Филмот на Блажевски во Македонија имаше премиера во април на Скопскиот фестивал, но тоа не е проблем кога станува збор за земјата продуцент. Можеби е така поради тоа што филмот беше прикажуван на маркетите во Кан и во Берлин, што сепак не беа официјални прикажувања.

Како и да е, „Панкот не е мртов“ во Карлови Вари ќе ја има својата фактичка светска премиера, која е закажана за 3 јули, а репризата е на 4 јули. Како што ни рече продуцентот Дарко Попов во Карлови Вари, покрај него, филмот ќе го претстават режисерот Владимир Блажевски и актерите Камка Тоциноски и Јордан Симонов.

Како што дознаваме, Филмскиот фонд се подготвува да застане зад филмот, да го поддржи неговото претставување таму и да направи прием, што навистина и би требало. Така требаше да се поддржи и филмот на Милчо Манчевски „Мајки“ во Берлин, како и филмот на Игор Иванов „Превртено“, кој беше во истата програма во Карлови Вари пред три години, но за жал Македонија не застана зад нив. Иако селективно, сепак, ни е мило што овој пат ќе имаме вистинска презентација, како што впрочем и доликува на една земја. (С.У.)


#
Статијата е прочитана 438 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
Џон Малкович со модно шоу во Карлови Вари
Сонот што се остварува е подобар од сонот што се негува
Билјана Гарванлиева - предавач на Доку корнер во Сараево
Концерт на етносоставот „Езерки“ и оркестарот „7/8“
„Античкиот град на Исар-Марвинци“ прва електронска археолошка книга

"""