Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

Проширување без комесар?

Македонија ќе направи чекор напред во евроинтеграцијата кога ЕУ оди чекор назад

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска



Брисел - Кој ќе биде европскиот соговорник на Македонија од ноември, кога ќе се именува новиот состав на Европската комисија, е прашање кое во кулоарите во Брисел добива разни продолженија. Последното е - ќе има ли воопшто еврокомесар за проширување или заморот од овој процес ќе се официјализира, конечно, во Унијата? Повод се навестувањата дека во новиот тим на Жозе Мануел Баросо, најверојатно, ќе се најде место за еврокомесар за соседска политика, а бидејќи впечатокот е дека којзнае колку работа околу проширувањето нема, во него да се приклучат и земјите кандидати. Во тој правец, наводно, притискаат Берлин и Париз, кои имаат интерес да го запрат влезот на Турција во ЕУ и, генерално, да го забават процесот, па бараат форма како земјите да се држат под влијанието на Унијата, а пораката да не биде дека им се гарантира членство.

Потврда за ваквиот развој е настапот на потпретседателот на Групата на народните партии во ЕП, Манфред Вебер, кој во име на својата политичка групација му порача на Баросо дека е добро што во својата програма ја намалил еуфоријата околу проширувањето, но дека ќе биде подобро ако како следен чекор го укине и комесарот. Според негова оцена, со завршувањето на преговорите со Хрватска работата во овој ресор ќе биде речиси завршена, бидејќи западнобалканските земји се многу далеку од членство, па ваков комесаријат би бил само фрлање пари. Извори од Групата на народните партии се оградија делумно од барањето на Вебер, информирајќи дека мнозинството сакаат спојување на проширувањето со соседската политика, ресор што сега е во описот на Бенита Фереро Валднер, односно надворешната политика. Таквото барање, наводно, е во согласност со плановите на Баросо, кој во „комесаријат за соседска политика и проширување“ би ги сместил осумте земји од Западен Балкан и сите источноевропски земји, како Молдавија, Белорусија, Грузија , кавкаските држави и Украина. Индиректно тоа го потврди и портпаролката на Баросо, Пија Хансен, деновиве.

„Претседателот Баросо во своите политички насоки стави јасно до знаење дека има тесна врска меѓу политиката за проширување и политиката кон соседите. Сепак, претседателот не се обврза на некоја специфична организираност на Комисијата во овој поглед“, изјави таа околу ова прашање.

Во ваквиот комесаријат, без оглед на статусот, Македонија и другите земји од Западен Балкан би станале прашање од втор ранг, а тоа најдиректно ќе се одрази на обемот на контакти и на брзината на евроинтегрирањето. Главната придобивка за Брисел, сепак, ќе биде дека потпаѓањето под ваков комесаријат автоматски нема да значи дека земјата има гаранција за прием во ЕУ, бидејќи може да стане членка, но и да си остане земја-сосед, иако од повеќе страни се тврди дека тоа нема да важи за земјите од нашиот регион. Тоа значи дека во моментот кога Македонија ќе направи чекор напред кон ЕУ, најверојатно, ЕУ ќе направи чекор назад во процесот, иако јавно тоа никој нема да го каже и ќе го тврди токму спротивното. Дури и повеќе од тоа, се создава атмосфера дека ако се укине комесарот за проширување, ќе биде и подобро, бидејќи процесот ќе биде дел од ингеренциите на новиот европски шеф на дипломатијата, кој ќе биде и потпретседател на ЕК. Колку време и интерес ќе има новиот Солана да се занимава со земјите од Балканот, покрај Блискиот Исток, Русија, Украина, па и Северна Кореја, САД и НАТО, не треба да се објаснува воопшто. Единствено што може да го премисли Баросо е фактот дека, ако пројде Лисабонскиот договор, ќе треба да именува дури 27 еврокомесари, а да се најде важен ресор за сите нив не е толку лесно. Но, моментно еврокомесарот за проширување не е веќе техничко прашање, туку политичко, па и одлуката ќе биде во тој стил.

 


#
Статијата е прочитана 253 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Враќањето на имотот на Католичката црква во Паљурци доби приоритет
Земјиштето на касарната „Илинден“ се пренаменува без анализа
Тодоровиќ ќе пресече дали во Дебар Маало ќе се гради зграда или црква
Понеделник неработен ден
Корекција во субвенциите
Црвенковски да се извини
Од Грција пак се бара да го признае македонското малцинство