Број 3088  четврток, 17 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Политика

Од Грција пак се бара да го признае македонското малцинство

Стразбур - Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста во најновиот извештај посветен на Грција, меѓу другото, бара од грчките власти да преземат мерки за доследно почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права, во што се подразбира и правото на слободно здружување на Македонците од Грција.

Во претходниот, трет извештај ЕКРИ ги охрабри грчките власти да постигнат напредок во гарантирањето на правото на слободно здружување и изразување за припадниците на оваа заедница, како и продолжување на гестовите за помирување со бегалците од Граѓанската војна во Грција и сериозно разгледување на актите на дискриминација и нетрпеливост на што се изложени. Но, со жалење се констатира дека ситуацијата околу овие прашања не се променила.

ЕКРИ, притоа, го наведува случајот со Домот на македонската култура во Лерин, кој и покрај пресудата на Европскиот суд за човекови права, денес се' уште не е регистриран. Во оваа прилика, независниот орган на Советот на Европа им го привлекува вниманието на грчките власти дека здруженијата што сакаат да го зачуваат својот етнички идентитет, исто така, се важни за доброто функционирање на демократијата, што е во согласност со пресудата на Судот од Стразбур. Имено, Европскиот суд за човекови права оцени дека плурализмот се гради врз почитувањето на етничките и религиозните убедувања, затоа Грција треба да постигне напредок на овој план, оценува ЕКРИ.

Претставниците на граѓанското општество и претставниците на македонската заедница, со кои се сретна ЕКРИ при посетата на Грција, го отвориле и прашањето за амнестијата на бегалците од Граѓанската војна во Грција и враќањето на нивните имоти.

ЕКРИ сега бара од грчките власти да преземат мерки за признавање на правата на припадниците на различните етнички групи кои живеат во Грција и да ги спроведат без дискриминација мерките за помирување по Граѓанската војна, како и носење мерки со кои ќе се признае правото на самоидентификување на етничките групи.

ЕКРИ жали што грчките власти и покрај препораките на Стразбур да отворат дијалог со претставниците на Македонците од Грција околу јазикот и користењето на македонскиот јазик на грчката телевизија останале неми.

Во одговорот на грчката влада на извештајот на ЕКРИ се подвлекува дека користењето на името „Македонци“ и употребата на нивниот словенски јазик е ограничен само на областа околу Лерин, слично како што се зборувал грчкиот јазик од другата страна на границата. Тоа што тие самите се идентификуваат како „Македонци“ според Атина не претставува обврска за Грција да ги признае како „малцинство“.

Од друга страна, користењето на терминот „Македонци“ со цел да се направи разлика со останатото населени според грчката влада создава конфузија со околу 2,5 милионите Грци, кои, исто така, се определуваат како Македонци. Тука се повторува дека припадниците на оваа група можат без последици слободно да се декларираат и да го негуваат својот идентитет како што сакаат и да водат постапки пред грчките и пред меѓународните судови, како и да организираат прослави на кои учествуваат и граѓани на соседна Македонија. (Т.Г.)


#
Статијата е прочитана 561 пати.

Испрати коментар

Од: Vineam Makedonski
Датум: 17.09.2009 03:22:12
Sto uavo samite Grci ke kazat i ke napisat deka ima okolu 2.500.000 Makedonci vo Grcija pa gospoda od Grcija ako ima makedonci okolu 2.500.000 zosto togas ne im go dadete osnovnoto pravo da se samoopredeluvaat ili toa e vasata demokratija zasramete se vistinata pocnavte i sami da ja zboruvate no nisto ne pravite...
Од: Mene do Vas
Датум: 17.09.2009 10:37:53
Moe mislenje e deka Makedoncite (vo okupiraniot del na M vo Grcija) ne treba da ja priznaat i prifatat okupacijata na zemjata od strana na okupatorot Grcija. Makedoncite se starosedelci i imaat pravo da ne prifatat okupator, tiranin. Od denot na okupacijata Grcija vrshi genocid nad Makedoncite koj e blagosloven od EU. Od denot na okupacijata do sega stanaa Makedoncite malcinstvo na svoe ogniste.

Најди! во Утрински
Политика
Враќањето на имотот на Католичката црква во Паљурци доби приоритет
Земјиштето на касарната „Илинден“ се пренаменува без анализа
Проширување без комесар?
Тодоровиќ ќе пресече дали во Дебар Маало ќе се гради зграда или црква
Понеделник неработен ден
Корекција во субвенциите
Црвенковски да се извини