По ваш вкус
Штрудрла со банани
ПОТРЕБНО Е:
l дебели кори за пита
l четири банани
l 50 г суво грозје
l ситно изрендана кора од портокал
l 2 лажички рум
l 100 г несолени печени бадеми
l 75 г путер
l 2 лажици слатка павлака
l шеќер во прав
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1
Загрејте ја рерната на 180 степени.
2
Потопете ги сувото грозје и кората од портокал во румот, оставете да отстојат 15 минути, па исцедете ги. Зачувајте го румот.
3
Стопете го путерот во мал сад, а бадемите исечкајте ги или иситнете ги со помош на миксер. Развијте ги корите, премачкајте ги со стопениот путер и турете ги бадемите. Повторете го ова во неколку слоеви.
4
Наредете ги бананите цели врз корите, преку нив ставете го сувото грозје и кората од портокал, а потоа врз нив полијте ја слатката павлака во која претходно сте го додале румот.
5
Внимателно свиткајте ја штрудлата и печете ја околу 40 минути. Пред да ја послужите, посипете ја со шеќер во прав. |