Росана Аркет
Повторно свршена, ќе се мажи по четврти пат
Актерката и режисерка Росана Аркет се свршила за своето момче, инвестицискиот банкар Тод Морган. Тод ја побарал раката на Росана минатата недела, а таа воодушевено прифатила. Планираат мала свадба, во тесен круг на пријателите и семејството.
„Речиси падна во несвест од среќа кога Тод ја побара за жена. Многу е вљубена и ни малку не се двоумеше околу прифаќањето на п��нудата. Не мислеше дека повторно ќе се мажи и беше среќна со нивната досегашна врска, но Росана е романтична душа и подготвена е на бракот да му даде уште една шанса. Таа е 100 отсто сигурна дека Тод е оној вистинскиот за неа и многу, многу е среќна“ - тврдат пријателите на Росана.
Росана (51), сестра на актерите Патриција и Дејвид Аркет, досега била три пати во брак: со Ентони Греко, Џејмс Њутн Хауард и со Џон Сајдл. |