Моби
На Ејми Вајнхаус и' е потребна помош
Впечатоците од саботниот концерт во Белград каде што требаше да го извади крахот на Ејми Вајнхаус, Моби ги сподели со обожавателите што го следат на „Твитер“. Настапот на Ејми Вајнхаус го опиша како тажен.
„Не ја познавам Ејми Вајнхаус, но искрено се надевам дека некој што и' е близок ќе може да интервенира и да и' најде помош. Ова навистина беше тажно“ - напишал Моби на „Твитер“, пред да излезе на сцената по катастрофалниот настап на контроверзната пејачка.
Моби, од самото доаѓање во Белград, пратил низа пораки на „Твитер“, така што фановите можеле цело време да бидат во тек со тоа што му се случува. Околу полноќ на неговиот профил се појавила констатацијата: „Настапувам на фестивал во Србија со Ејми Вајнхаус и таа е на стејџот и мрмори... Човеку, може ли некој да интервенира? Ова е жално“. |