Семејството Јовановски има најубав балкон
Семејството Јовановски од населбата Хиподром е првонаградено од пријавените девет за најубав балкон во општината Гази Баба. Локалната самоуправа, која трет пат го организира настанот, им подари градинарски алат и украси. Кате и Стојан Арсиќ од населбата Ќерамидница имаат најубав двор и за него добија систем за наводнување. Станбениот блок на улицата „Пехчевска“ број 3/7 има најубаво уредено зеленило, а за неговото одржување доби косилка. (Сн.К.) |