Се градат тротоари на улицата „Марко Крале“ во Бутел
На улицата „Марко Крале“ во населбата Бутел 1 започна изградба на нови тротоари. Моментно се работи на левиот тротоар во должина од 500 метри, каде што се поставуваат и нови рабници. Истовремено се поставува и електричната мрежа за новите канделабри, а дел од нив веќе се монтираат. Градежните работи наскоро ќе се префрлат и на десниот тротоар со што оваа сообраќајница прв пат по три децении ќе добие нови тротоари.
За комплетна реконструкција на улицата „Марко Крале“ е планирано во иднина и асфалтирање и на левите и на десните краци. Средствата за уличната реконструкција се обезбедени од буџетот на Општина Бутел. (Сн.К.) |