Во Аеродром ќе се гради споменик на Јане Сандански
Општина Аеродром ќе гради споменик на револуционерот Јане Сандански, одлучија членовите на Советот. На завчерашната седница тие ја усвоија предлог-програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности, во која револуционерот има приоритетно место. Со донесената одлука само се потврди идејата за изградба на споменикот, но не и неговата големина, изглед, висината на средствата што ќе треба да се издвојат за оваа намена.
„Засега е сигурно оти споменикот во чест на Јане Сандански ќе се постави во зеленилото во близина на полициската станица на аголот на булеварите ‘Јане Сандански‘ и АВНОЈ. Како ќе изгледа и колку ќе чини допрва ќе се утврдува. Наскоро планираме да распишеме конкурс за идејно решение. Дури потоа ќе размислуваме кога ќе се гради споменикот, односно постави на предвидената локација што ќе зависи, пред се', од буџетот со кој располагаме, односно од финансиската ситуација со оглед на мерките за штедење“, изјави градоначалникот Ивица Коневски, кој информираше дека програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности може да се проширува, што значи дека на подрачјето на Аеродром ќе се градат и други споменици. Освен Општината, предлози за проширување на програмата можат да поднесуваат и сите правни и физички лица. (Дс.Т.)
Конечно се освестија Македонците дека на Јане Сандански треба да му се изгради споменик.Браво за Аеродром,Браво за Конески,секоја чест.Позз од КИ
Од: Star Skopjanec
Датум: 16.07.2009 03:18:07
NIKAKO vo Aerodrom??Ako se gradi neka se gradi vo centarot na Skopje.Najdobro e levo od crkvata, a desno od djamijata.Ke vidime kako ke bide postavenosta sprema teketo.I sovet do tie sto ke go gradat, pobrzajte lugje so aplikacijata zosto mozda ke "izvisite".Ionaka e moderno da se gradi vo centarot, na plostadot, a Todorovic ceka i e so golema zelba da Ve udostoi.So sreka neka Vi e!
Од: Saso
Датум: 16.07.2009 08:25:52
so spomenikot ke ima 60%od vetenoto cekaj malce odmori sto ke pravis posle ke nemas rabota sto da rabotis.mesto da fatis da napravis parking da vidis kako kioskcite na stara 5ka vlegle vo zelenilo i nema parking kade da se parkira ti mi pravis nekoj izvini mocani spomenici.a da sega ke ni prskate za muvi,ke zakrpete nekoja dupka,i mandatot projde 100dena 30% za takva izjava ako e pravna izjava se ide na sud ili na psihijatar.
Од: svetle-sk
Датум: 16.07.2009 09:13:47
sto stana so izgradbata so spomenikot na detskata ulica vo cest na Tose Proevski.
dali voopsto ce se gradi ili ?????????????????
Од: Jane
Датум: 16.07.2009 09:20:40
Ne pocnuvajte najurbanata opstina da ja truete so zaostanati ambicii na neurbanoto Skopje
Од: makedonec
Датум: 16.07.2009 10:36:29
Конечно Вмровчето сфати каде му е коренот.и каде му етрадицијата.Но,бидејки е помлад сакам да дадам придонес во оваа иницијатива.Уште во 80 тите години кога оваа населба (од жел ст, до Бул Србија) беше именувана како Јане С андански требаше во чест на 80 годишнината од погубувањето да се изгради и спомен белег,Спомен белегот треба да биде на влезот на населбата или кај раскрсницата кај Скопјанкана почетокот на булеварот Ј Сандански ,а не на крајот кај Полиц станица Тоа е веке населбата Ново Лисиче.Овој споменик требаше да биде висок околу 10 метри.
Од: vesna
Датум: 16.07.2009 13:45:22
Zarem opstina aerodrom gi resi site komunalni problemi pa sega nema sto da pravi pa ke pravi spomenici? ako se reseni site problemi togas ako ima tolku pari za gradba na spomenici pa dajte gi vo nekoe uciliste neka se kupat klupi neka se popravi nekoj krov neka se pomogne nekoj socijalen slucaj, donirajte gi vo nekoja ambulanta neka se kupi nekoj aparat koj sto im e potreben na lugeto pa da ve blagoslovuvaat. dosta vise so spomenici go napravivme skopje kako grobista