Французите не' натераа да и' мавнеме на скриената камера
„Триколорите“ не' направија смешни на стартот од втората фаза на ЕП во Полска, славејќи со 83:57
Наум Котевски
Никој досега на Европското првенство во Полска не исмеа никого, како што тоа го направија со нас НБА Французите во 1. коло од групата Е во Бидгошч (83:57). Ниту селекторот Арсиќ, ниту кошаркарите не се надеваа многу многу на некое големо изненадување против страшниот состав на „триколорите“, предводен од Тони Паркер, но искрено не ни помислуваа дека по „монтипајтоновскиот“ меч, ќе треба на крајот иронично понижени да и „мафнат на скриената камера“. Пораката пратена преку многубројните објективи при тоа беше јасна - извинете ако не сте знаеле, ама ние не сме од тука, ние сме од една друга група европски репрезентации.
Жално беше да се гледаат тие први 20 минути, во кои Франција си ја заврши својата работа. По само 11 минути, противникот ни водеше со 29:9, а за 13 минути Паркер постигна 11 киоша со три аситенции и три скока. Франција играше феноменално и во одбраната и во нападот. Преземаше се, не дозволуваше отворен шут, а акциите во нападот која од која поатрактивни. Од друга страна ние не бевме агресивни во дефанзивниот скок, не дававаме никаква помош при блок играта, немавме ни желба со фаул да запреме некоја контра, сите бледо се гледаа меѓу себе, прашувајќи се кои се овие од другата страна.
Врбица Стефанов не успеа шутерски да проработи ниту на овој меч - имаше нула поени за 24 минути игра, па заслужено во еден момент беше пратен на клупа. И останатите не беа многу подобри. Пружаа некаков отпор Мејси (девет коша), Гечевски (девет), Соколов (девет), Антиќ (осум), но тоа беше само во моментите кога Франција во вториот дел со втора постава тргна да се шегува.
„Беа подобри од нас во секој поглед. Играа лесно, аситираа, скокаа, беа вистински пример како еден тим треба да игра на едно ЕП. Ни дадоа скоро 50 коша во првиот дел, што е основната перичина за високиот пораз. Им честитам за победата, а нам ни останува да се подобриме во наредните два меча“, изјави Арсиќ.
Според, Предраг Самарџиски, стрелецот на седум коша, непотребно се влегло со преголем рспект во натпреварот. „Им дозволивме да заиграат дури и улична кошарка, со премногу забивања, лесни поени, цепелини, скокови. Бевме нешто подобри во второто полувреме, но тогаш беше доцна да се исправи нешто“.
Франција - Македонија 83:57
По четвртини: 24:9, 25:9, 18:17, 16:22.
Сала: „Лужничка“ во Бидгошч. Гледачи: 2.000. Судии: Бразаускас (Литванија), Јавор (Словенија), Кенерман (Турција).
Франција: Диот 2, Батум 13, Ж��но 3, Кофи 3, Махинми, Паркер 13, Боколо 4, Пјетрус 14, Де Коло 14, Диао, Туриаф 4, Траоре 13.
Македонија: В. Стефанов, Мираковски 5, Соколов 9, Р. Стефанов 3, В. Стојановски 2, Блажевски 3, Тасовски 2, Гечевски 9, Антиќ 8, Д. Стојановски, Мејси 9, Самарџиски 7.
|