Влатко Стефановски
Настап во „Операција Триумф“
Најавувано е како најголемо музичко шоу што треба да ги обедини музичките сили од регионот на екс Југославија
Најавувано како најголемо музичко шоу што треба да ги обедини музичките сили од регионот на екс Југославија, „Операција Триумф“ треба да стартува на 29 септември, а во Македонија ќе се емитува на А1 ТВ. Во шоуто, 16 натпреварувачи од сите земји на поранешна Југославија цели сто дена ќе се борат за победа, која носи договор со издавачката куќа „Универзал“.
Но, за атрактивноста на шоуто е планирано да настапат и музички ѕвезди од целиот регион, а дури во првата емисија „залетот“ со својот настап ќе го даде светската музичка ѕвезда Анастасија.
Според српските медиуми, во ѕвездената парада на „Операција Триумф“, како најнова атракција на шоуто, се најавува македонскиот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, кој би требало да го претстави својот прв блуз-албум „Гром од ведро небо“. Засега не е познато во која емисија ќе се појави Стефановски.
Веќе е познато дека од Македонија на списокот на ѕвезди од сите екс ЈУ-простори во „Операција Триумф“ е и Каролина Гочева.
|