Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Детска евровизија


Боби Андонов со „Прати ми СМС“ патува на Кипар

Со своите 14 години тој веќе зборува четири јазици, а уште од седумгодишна возраст се занимава со танц

Четиринаестгодишниот Боби Андоновски во саботата вечерта (20 септември) со телевоутинг беше избран да ја претставува Македонија на детската Евровизија, што годинава ќе се одржи во Лимасол, Кипар, на 22 ноември. Песната „Прати ми СМС“, што ја напиша и изведе Боби (автор на аранжманот е Јован Јованов), победи во конкуренција на уште 11 песни, кои македонскиот аудиториум имаше можност да ги слушне со посредство на преносот на МТВ.

Боби Андонов е роден на 18.8.1994 година во Мелбурн, Австралија, и неговата амбиција е да порасне во нов Тоше, што го докажува со речиси идентичната интерпретација на англиската верзија на евровизиската песна на Тоше „Life”.

Инаку, Боби не е дебитант на музичката сцена, особено на детските фестивали. Тој настапувал на неколку фестивали за деца во Македонија, но и во Србија и во Албанија. Тој ја изведе и македонската химна на фудбалскиот натпревар Македонија - Холандија. Со своите 14 години тој веќе зборува четири јазици, а уште од седумгодишна возраст се занимава со танц. Во Австралија, Боби ја има изведувано улогата на Симба во мјузиклот „Кралот лав“. Од саботата негов најактуелен предизвик станува детската Евровизија што ќе се одржи во Кипар.


Статијата е прочитана 644 пати.

Испрати коментар

Од: Оли
Датум: 21.09.2008 19:00:57
Песничкава е топ.Детенце со среќа во Кипар

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Сузана Спасовска со фестивалско Гран-при
Дијамант
Настап во „Операција Триумф“
Азијавизија е азиски пандан на Евровизија