Обезглавени киднапираните деминери
Авганистанската полиција соопшти дека денеска ги пронашла обезглавените тела на седуммина од 28 деминери, киднапирани во средата во западната провинција Фара.
Засега не е познато кој ги киднапира и кој ги уби, ниту е позната судбината на преостанатите деминери, кои работеле за една хуманитарна организација.
Деминерите по киднапирањето се однесени во областа Бала Булук, едно нивно возило е запалено, а другите украдени. (МИА) |