Број 3627  понеделник, 11 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Свет

Претседателите на двата Судана заедно славеа

Република Судан загуби речиси една третина од територијата и околу три четвртини од нафтените резерви со отцепувањето на Јужен Судан

ЕРУСАЛИМ/ЏУБА – Израел вчера го призна Јужен Судан, понудувајќи и' на новата држава економска помош откако таа се отцепи од главно арапскиот муслимански север, кој нема односи со еврејската држава. Јужен Судан, каде што повеќето од населението го практикуваат христијанството и традиционалните африкански верувања, во саботата прогласи независност во согласност со референдумот што се одржа во јануари, а кој беше кулминација на мировниот договор постигнат во 2005 година со кој се стави крај на Граѓанската војна со северот. Израел е дом на илјадници судански бегалци и сезонски работници што пристигнаа пеш во земјата откако го преминаа египетскиот Синај.

Десетици илјадници Јужносуданци танцуваа и ја прославуваа независноста, тешко стекнато одвојување од северот што се' уште остави неодговорени прашања за спорните граници и приходите од нафтата. Претседателот Салва Кир стоеше веднаш до неговиот стар непријател од Граѓанската војна, претседателот на Судан, Омар Хасан ал-Башир, кој сега е лидер само на северот, на церемонијата за одбележување на раѓањето на новата држава. Присуството на Башир, кој водеше кампања за задржување на единството на најголемата африканска држава, беше клучен гест на добра волја.

Тоа, исто така, беше збунувачко за некои западни дипломати што присуствуваа на настанот, особено што Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење за Башир по обвиненија за воени злосторства во Дарфур. Башир одржа говор изразувајќи честитки за формирање на новата држава. „Волјата на народот на југот треба да се почитува“, изјави тој, додавајќи дека и двете држави треба да го зачуваат мирот.

Владата на Северен Судан беше првата што го призна Јужен Судан во петокот, неколку часа пред да се случи отцепувањето, потег што го отвори патот за поделба. САД, Кина и Велика Британија го сигнализираа своето признавање на државата во саботата, според официјалните соопштенија и владини медиумски извештаи. На настанот присуствуваа голем број официјални претставници, вклучувајќи го и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, и лидери на околу 30 африкански држави.

Признавањето на Картум на југот не ги отстрани стравувањата за идни тензии. Лидерите на северот и на југот се' уште не постигнаа согласност по голем број прашања, најважно за линијата на границата, сопственост на спорниот регион Абиеи и како ќе постапат со приходите од нафтата, што се движечка сила и на двете економии.

Откако часовникот отчука полноќ, Република Судан загуби речиси една третина од територијата и околу три четвртини од нафтените резерви, кои се наоѓаат на југ. Таа се соочува со иднината, со востанија во регионите Дарфур и Јужен Кордофан.

Во Картум еден знак за новиот национален поредок беше исчезнувањето на некои весници на англиски јазик и такви поврзани со СПЛМ. Северот соопшти дека ги суспендирал во петокот, бидејќи биле издавани или во сопственост на јужњаци – застрашувачки сигнал за повеќе од еден милион јужњаци што останаа на север. Многумина жители на северот го гледаат отцепувањето како губење на образот. Аналитичарите долго време стравуваа од враќање на војната ако не се решат спорните прашања меѓу северот и југот.

Главно муслиманскиот Судан се бореше против бунтовниците на југ, каде што повеќето жители го практикуваат христијанството и традиционалните верувања, речиси постојано, освен неколку години од 1950-тите во граѓански војни разгорени од етничката припадност, религија, нафта и идеологија. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 480 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Свет
Таблоидот си објави посмртница
Обезглавени киднапираните деминери
Јеремиќ ги обвини големите сили за опструкции
Што пишуваат весниците во светот
Потона брод со 170 лица во Волга
Либерман

"""