Либерман: Турција не сака помирување
Тел Авив - Израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман, изјави денеска дека Турција ја „затворила вратата“ на помирувањето со Израел со инсистирањето да се стави крај на блокадата на појасот Газа и да се извини за упадот на турски брод кој минатата година пловеше кон палестинска територија.
„Јасно е дека не се тежи кон приспособување, ни кон мир, ни кон нормализација, туку се сака да се понижи државата Израел, да се поткопа нејзината меѓународна позиција и да му се нанесе штета на нашиот статус во регионот“, рече Либерман.
Израел се согласува да им плати компензација на семејствата на деветмина загинати Турци, пропалестински активисти, но одбива да се извини, тврдејќи дека израелските командоси само се бранеле од насилните патници на турскиот брод „Мави мармара“.
„Изненаден сум што тој (Реџеп Таип Ердоган) не побара да одредиме кога жените ќе одат во пензија“, рече Либерман, алудирајќи на неодамнешното домашно недоразбирање.
Израелските власти имаат намера да „изразат жалење“ за инцидентот, но ништо повеќе од тоа, бидејќи стравуваат дека маринците би можеле да се соочат со судски гонења во странство. (МИА) |