Министрите за образование и наука и за информатичко општество, Никола Тодоров и Иво Ивановски, вчера во ОУ „Гоце Делчев“ го промовираа веб-порталот e-ucebnici.mk, на кој во дигитална форма се објавени учебници што можат да се пребаруваат по одделенија, наслови или по автори. Моментално се поставени околу 60 учебници, од кои најбројни се електронските верзии на учебниците за четврто и за седмо одделение, а во иднина порталот ќе се дополнува со нови содржини. Електронските учебници нема да ги заменат печатените учебници.
Министерот Тодоров информираше дека вчера ги потпишал избраните учебници за петто и за осмо одделение според новата програма. Тодоров донел решение за повлекување од употреба на учебникот по хемија за седмо одделение. (МИА)
Е-министерот во е-владата на е-Македонија, нè заплисна со е-учебници!Каков врвен е-напредок!Е-чудо,над е-чудата!Наскоро, поради ваквата е-состојба ќе имаме е-преучено-недоучени е-ученици!Колку за негова е-информација: не е-учебникот по е-Хемија за VII е-одделение во Основните е-Училишта на само Еден е-месец до е-крајот на е-учебната ни е-година го е-прогласи за чисто е-Промашување!Колку вакви е-промашени учебници и е-учебници за Основни и Средни е-Училишта се е-издадени и е-испечатени?Кој ќе одговара што е-децата е-учеле од ваков е-учебник, кој нема е-врска со е-Хемијата е-? Останатите е-учебници по е-музичко и е-физичко воспитување не им се ниту е-потребни! Во „е-неозбилните“ и „е-заостанати“ не е-држави,министрите кои одбрале е-погрешен е-учебник и каде е-учебниците е-доцнат, веднаш си е-поднесуваат е-Оставка е-!!!
Од: s.m
Датум: 22.04.2010 14:27:11
ucebnata godina e pri kraj a seuste decata nemaat ucebnik po gragansko obrazovanie za sedmo oddelenie.se snaogaat so diktati, prepisi i sto li uste ne ! bezredie vo obrazovanieto !!!!!!!