Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Вардар и натаму поплавува

Состојбата во Долни Полог станува критична, штети во речиси 150 куќи

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Вардар и натаму поплавува во Тетовско. Наместо да се смири, состојбата со поплавите во Долни Полог наместо да се смири, уште повеќе се компликува. Водите на Вардар вчера беа за неколку сантиметри повисоки во однос на завчерашниот ден. Тоа предизвика нови штети во селата Раотинце, Копанце и Туденце каде што се поплавени речиси 150 куќи. Локалниот пат Сиричино - Туденце, поради излевање на Вардар, е во прекин. Станува збор за излезот од Сиричино, односно за асфалтниот пат што се наоѓа во подножјето на Жеден.

Селаните се пред нови искушенија со тешкотиите со кои се справуваат веќе шести ден. Во поплавените куќи останаа само возрасни членови на семејствата кои деноноќно нешто преземаат за да ги спасат објектите. Децата се кај соседи и кај роднини. И добитокот од поплавените штали во селата е однесен на посигурни места.

Според Кирко Масевски, претседател на МЗ „Раотинце“, состојбата е критична, а на одделни места и опасна. „Сами се организираме колку што можеме. Четири камиони носеа песок и цела ноќ правевме брани. Во селото имаше 30-ина моторни пумпи за исцрпување на водата од критичните места, пониските катови на куќите. Сите беа во функција. Од надлежните органи добивме само три пумпи“, вели Масевски.

И покрај тоа што престана дождот, нивото на Вардар е зголемено. Претседателот на МЗ вели дека времето е релативно студено и дека не се забележува топење на снег. „Се гледа дека на Шара врне нов снег. Вардар се прелева, бидејќи надоаѓаат мавровските води. ЕЛЕМ го крие тоа и од нас и од надлежните во државата“, револтирано зборува Кирко Масевски.

На зголемен водостој и поплавени нови куќи и површини се пожали и претседателот на МЗ „Туденце“, Петар Милошевски. „Ова е незапамтено и повеќе од страшно. Не знаеме како да се справиме со стихијата. И во нашето село има зафатено нови куќи и стопански дворови. Има моменти кога ја губиме контролата“, вели Милошевски.

Во вторникот, во доцните попладневни часови, поплавените подрачја ги посетија министрите за транспорт и за земјоделство, Миле Јанакиески и Љупчо Димовски. Тие имаа можност самите да се уверат што се случува со селата од ова подрачје. Жителите им се пожалија дека се оставени сами на себе. „Не' посетуваат, но забораваат на ветувањата“, велат жителите.

Вчера во Раотинце, Туденце и во Копанце со водената стихија останаа да се справуваат само мештаните. И на министрите им беше предочено дека за регулација на реката Вардар постои проект што се наоѓа во Министерството за земјоделство, изработен уште во далечната 1974 година, а обновен пред пет-шест години. Со околу шест милиони евра, колку што чини проектот, може да се реши проблемот за иднина. Министрите ги видоа вреќите што требаше да послужат како штит од водите. Наместо тоа, вреќите останаа дел од поплавата.


#
Статијата е прочитана 456 пати.

Испрати коментар

Од: flying-monaco
Датум: 22.04.2010 07:21:19
Vladata spie sega mu e majkata vardar vlechi mnogu politicki poeni duri i onie koi gi izgubivme od Ohrid ke gi nadoknadime..Samo shteta, opozicijata i taa spie..Kade e BC Buckovski i Makraduli...

Најди! во Утрински
Македонија
Отворена „Систина офталмологија“
Излевањето не е од Мавровско Езеро
Бесплатни прегледи и ПАП-тестови
Учебници достапни во електронска форма