Број 3264  четврток, 22 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Излевањето не е од Мавровско Езеро

„Испуштањето на водите од  Мавровско Езеро не е причинител за излевањето на Вардар во делови од општината Јегуновце. Вкупниот истек на вода од езерото, доколку хидроелектраните ‘Вруток‘ и ‘Равен‘ би работеле во максимален режим, учествува со 20-30 проценти од протокот на реката“, ова го потенцира вчера во соопштение АД „Електрани на Македонија“. Притоа, појаснува дека во континуитет го редуцира режимот на истекот на водите од Мавровско Езеро, преку намалување на производството на електрична енергија, во согласност со состојбата на порастот на нивото на акумулацијата. 

Со ова може да се влијае на намалување на водостојот на Вардар пред Тетово. „Коритото го полнат Пена, Боговињска Река, Бистрица, Поројска Река... што придонесува за зголемен водостој на кој истекот од Мавровско Езеро има речиси минимално влијание“, нагласуваат од ЕЛЕМ. Со работата на хидроелектраната „Вруток“, се контролира порастот на акумулацијата Маврово. „Дотокот на вода од шарскиот довод изнесува 16 кубни метри во секунда, а од јеловскиот уште пет метри во секунда, или вкупно 21 кубен метар во секунда. Тие количини вода, доколку не работи хидроелектраната ’Вруток‘, би прелевале преку водостојот во Вруток и повторно би завршиле во Вардар“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 319 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 22.04.2010 10:04:15
Да простат читателиве , ама ќе упатам апел до жителите на селата покрај кои течат реките , ДА НЕ МОЧААТ МНОГУ во реките , па да не се случуваат излевања на реките...Господ да чува и да брани од нашиве стручњаци, се’ некој друг им е крив!!!

Најди! во Утрински
Македонија
Отворена „Систина офталмологија“
Вардар и натаму поплавува
Бесплатни прегледи и ПАП-тестови
Учебници достапни во електронска форма