Бесплатни прегледи и ПАП-тестови
Гостивар - Со проектот за рано откривање карцином на грлото на матката во наредните пет години бесплатно ќе бидат опфатени 12.000 жени на возраст од 35 до 55 години во Гостиварско. „Сите жени на возраст од 35 до 55 година ќе бидат поканети од Центарот за јавно здравје да се јават кај матичниот лекар или во Општата болница доколку немаат матичен лекар да направат соодветен тест со што ќе се детектираат малигните заболувања“, рече министерот Бујар Османи. (К.К.) |