Аеродром в година очекува инвестициски бум во градежништвото
Десетици семејни згради и станбени објекти дел од нив со деловен простор, комерцијални комплекси, резиденцијални и административни објекти, болница, хотел, повеќенаменска сала, забавен парк, затворен базен, затворена хокеј-сала... Ова се само дел од објектите што ќе можат да се градат в година на подрачјето на општината Аеродром, чиј градоначалник Ивица Коневски викендов ги претстави можностите за инвестирање пред потенцијални инвеститори. Со 3-Д видеопрезентација „Општина Аеродром-вистинското место за вашите инвестиции“, Коневски пред стотина стопанственици, главно, претставници од градежни и проектантски фирми, ги промовираше можностите за инвестирање во 2011 година овозможени со новите урбанистички планови.
„Вратите на Општината од денес ќе бидат уште пошироко отворени за сите бизнисмени, кои ќе го најдат својот интерес за инвестирање во некој од овие атрактивни проекти“, истакна градоначалникот Коневски, кој најави дека Општината ќе им понуди на инвеститорите и олеснителни услови при инвестирање, односно можност за плаќање на комуналиите на рати и други поволности. (Дс.Т.) |