Донација за социјални семејства
Храна, облека, обувки и ќебиња добија десетина социјално загрозени семејства од општината Гази Баба. Донацијата ја обезбедија локалната самоуправа и Општинската организација на Црвен крст, а семејствата лично ги посетија претставници од оваа хуманитарна организација и градоначалникот Тони Трајковски. (Сн.К.) |