Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Култура

Ден за паметење и за сеќавање

Девет децении од раѓањето на научникot, дијалектолог и славист, академик Божидар Видоески

Убавка Гајдова

Денеска се навршуваат 90 години од раѓањето на академик Божидар Видоески, човекот што се вбројува меѓу основоположниците на македонската наука за јазикот.

Академик Божидар Видоески е истакнат научник, дијалектолог и славист. Тој е еден од првите ученици на Блаже Конески, набрзо станува негов најблизок соработник, сочинувајќи ја првата генерација професори на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филозофскиот факултет во Скопје. Покрај професорскиот ангажман насочен кон оспособувањето нови кадри, професори по македонски јазик, новинари и лектори, Видоески има врвен придонес во истражувањето на историскиот процес на издвојување на македонскиот дијасистем од соседните словенски дијасистеми, во проучувањето и во откривањето на историјата на дијалектите на македонскиот јазик, како и нивната современа состојба; со други зборови, Видоески до крајот на животот посветено работеше на расветлувањето и потврдувањето на темелите на македонската јазична самостојност. Неговата научна активност придонесува тој лично да се стекне со исклучителен углед во меѓународните славистички кругови, но и македонската лингвистичка наука да заземе рамноправно место меѓу светските славистички центри.

Како долгогодишен раководител на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид, Видоески вложи посебен труд за создавање, одржување и за ширење на комуникацијата со голем број слависти и млади македонисти од странство, исто така, особени се залагаше за афирмација на македонскиот јазик во странство, а како резултат на тоа дојде до отворање на голем број лекторати и курсеви за македонски јазик на славистичките катедри во словенските и во другите земји.

Видоески беше македонски претставник во Меѓународниот комитет на славистите и претседател на Македонскиот комитет на славистите. Во рамките на Македонската академија на науките и уметностите тој ги раководеше меѓународните лингвистички проекти од македонска страна, но истовремено беше и еден од идеолозите и најистакнатите претставници на овие проекти.

Божидар Видоески е основач на современите дијалектолошки истражувања во Македонија, а со негова заслуга почнуваат и топономастичките истражувања во Македонија на едно високо научно ниво. Тој е иницијатор и раководител на најобемниот и најкомплексниот лингвистички проект во Република Македонија, Македонски дијалектен атлас, кој се работи во рамките на Институтот за македонски јазик. Работата на овој проект подразбира теренски истражувања и записи од 350 пункта од целата јазична територија на македонскиот јазик, што значи и македонските говори во Албанија, Грција, Бугарија и во Косово. Цел на овој проект е на лингвогеографски план да се претстави современата состојба на македонските дијалекти на сите јазични нивоа: фонолошко, морфолошко, синтаксичко, лексичко и зборообразувачко.

Како резултат на горенаведените активности, Видоески создаде импозантен опус од околу 300 библиографски единици, а од многубројните активности што ги презеде на планот на меѓународната соработка посебно заслужува да се истакне соработката со Полска, како резултат од тоа е објавен голем Македонско-полски и полско-македонски речник.

Дваесет и пет години Божидар Видоески беше уредник на списанието „Македонски јазик“, кое е орган на Институтот за македонски јазик, а беше член и на Редакцијата на „Прилози на Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ“. Проектите и активностите што ги иницираше и раководеше академик Видоески и денес успешно се реализираат како резултат на неговиот ангажман да создаде и да остави зад себе кадар што успешно ќе може да ја продолжи неговата сестрана научна и творечка работа.

Иако неизречен докрај, научниот и животниот опус на Божидар Видоески (поради просторната ограниченост) импресионира со својата обемност, сестраност и квалитет. Датумот на неговото раѓање е само уште еден повод да се потсетиме на неговата научна и творечка работа, да не ги заборавиме нашите претходници и да се трудиме и натаму достојно да ја презентираме македонистичката наука во земјава и во светот.


#
Статијата е прочитана 591 пати.

Испрати коментар

Од: Филип
Датум: 08.11.2010 12:18:04
Еве и н��што друго за почитуваниот македонист. http://my.opera.com/macedonians/blog/?id=5043771
Од: blaze
Датум: 08.11.2010 23:38:08
E FIlip na Blaze Minev, poznatiot Bugarin od Makedonija li mu veruvas?

Најди! во Утрински
Култура
Симон Трпчески во „International piano“
„Писател-дух“ со седум номинации за „европски оскар“
Почина „слободната жена“ Џил Клејбур
Денови на св. Кирил и Методиј во Словенија
„Со чело на прст“, изложба на Миро Масин






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax