Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Култура

Денови на св. Кирил и Методиј во Словенија

Во организација на словенечкото здружение „Франце Прешерн“ од Скопје, а во соработка со Филозофскиот факултет во Љубљана и Филозофскиот факултет во Скопје, утре и задутре во Љубљана ќе се одржи есенската сесија на манифестацијата „Денови на светите Кирил и Методиј во Република Словенија“.

Деканот на Филозофскиот факултет во Љубљана, проф. д-р Валентин Буцик, ќе ја отвори тематската изложба ,,Македонски ликовни амблеми“, посветена на портретното претставување на св. Кирил и Методиј во македонското средновековно сликарство, чии автори се дипломците на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, предводени од м-р Јехона Спахиу.

На Катедрата за славистика на љубљанскиот Филозофски факултет предавање ќе одржи д-р Анета Серафимова, професорка на Филозофскиот факултет во Скопје која ќе се осврне на делото на сесловенските просветители, на хуманистичките аспекти на мисијата и на нејзините ликовни рефлексии во средновековното сликарство.

Во соработка, пак, со Кинотеката на Македонија, ќе биде прикажан и документарниот филм ,,Кирил и Методиј - сесловенски учители“ во режија на Трајче Попов.

„Ми претставува особена чест поканата да одржам предавање на Филозофскиот факултет во Љубљана. Познато е дека од универзитетите во нашиот поширок регион, на Шангајска листа „Престижни 500“, е рангиран само Љубљанскиот универзитет. Посебно сакам да ја нагласам посветеноста во реализацијата на оваа значајна манифестација на Словенечкото здружение во Македонија.

Во предавањето ќе појдам од тезата дека источникот и сподвижникот на култот на светите мисионери во словенскиот свет била Охридската архиепископија. Нивното рано вклучување во календарот на светци и најраните зачувани портрети од 11 и 12 век во Македонија, единствени во тогашниот словено-византиски простор, се непобитните аргументи за тоа. Во оваа смисла неодминлива била улогата на св. Климент Охридски и на св. Наум Охридски, чие упокојување пред точно 1100 години го одбележуваме токму годинава. Во предавањето посебно ќе се осврнам на петнаесет фреско и иконо-портрети на светите мисионери што, според ликовните вредности, датацијата и локацијата на настанувањето ги надминуваат регионалните рамки.

Мислам дека е многу важно да се нагласи европската димензија на културно-образовната, всушност, хуманистичка кампања на светите Кирил и Методиј. Уште во 1880 година папата Лав XIII ја вклучува комеморацијата на сесловенските просветители во Римокатоличкиот календар, а папата Јован Павле II во 1981 година ги назначува за свети патрони на Европа, со што значењето на нивната мисија и дела се изедначени со оние на свети Бенедикт“, изјави пред заминувањето во Љубљана, Анета Серафимова,.

Пролетната сесија на чествувањето на делото на св. Кирил и Методиј беше одржана во мај во Културно-информативниот центар во Скопје и им беше посветена на словенечките културни дејци што живеат и творат во Македонија, а во Словенечката академија на науките и уметностите во Љубљана свое предавање одржа Ѓоре Ценев, раководител на архео-астрономските истражувања на локалитетот Кокино.

Манифестацијата „Денови на св. Кирил и Методиј“ е поддржана од Генералниот секретаријат на македонската Влада, со цел унапредување на македонско–словенечките врски и соработка во областа на културата, науката и образованието. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 446 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubtan-Trade Name
Датум: 09.11.2010 01:05:42
Ajde ajde ,uste edna kleptomanija .so skapi tosoci i sluzbeni patuvana!! Eve sakam da bidam kum i toa bez pari ; Od sega ,Svetite Braca ce gi krstam: Kirce i Mende,i taka ce gi vikame,za da bidat nasi,Ama Kirilios i Methodios ne se Nasi!

Најди! во Утрински
Култура
Симон Трпчески во „International piano“
„Писател-дух“ со седум номинации за „европски оскар“
Почина „слободната жена“ Џил Клејбур
„Со чело на прст“, изложба на Миро Масин
Ден за паметење и за сеќавање






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax