Автобуските линии „7Б“ и „23“ пренасочени по „Водњанска“
Градските автобуски линии со броевите „7Б“ и „23“ утре, во периодот од 7 до 15 часот, нема да сообраќаат до Дом на печат. Поради изведување градежни активности на спојот меѓу улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и улицата „Народен фронт“, автобускиот терминал „Дом на печат“ ќе биде надвор од употреба. Во тој период автобусите што сообраќаат на овие две линии ќе бидат пренасочени по булеварот „Водњанска“ и ќе ја користат автобуската станица „Клинички центар“. Од Градот апелираат учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај. (Сн.К.) |