Зоолошката ќе добие мало вовче
Компаниите „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ донираа средства за Зоолошката градина со кои ќе се набави ново вовче што ќе биде наменето за превоз на децата, со цел возејќи се да се едуцираат за животните во градината. Исто така, граѓаните ќе можат секојдневно во живо да ги следат акробациите на мајмуните-гибони преку линкот www.webmaxtv.mk, додека трите хотспот-локации на „Т-мобиле“ поставени во Зоолошката нудат можност за бесплатен интернет.
Од двете компании најавуваат дека во наредните неколку викенди најмладите ќе можат да ја гледаат специјалната театарска претстава преку која на несекојдневен начин ќе дознаат нешто повеќе за жителите на ЗОО. За таа цел ќе бидат поделени околу 2.000 билети преку раз��ични телевизиски емисии, преку „Фејбук“ и невладини организации што работат со деца.
Соработката на „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ со Зоолошката градина трае веќе две години и досега се реализирани неколку проекти, како што е изградбата на живеалиштето на мајмунот Коко, разубавувањето на просторот со цртање графити, садење цвеќиња. (С.Р.) |