Крводарителна акција кај претседателот Иванов
По повод 14 Јуни - Светски ден на крводарителството, асоцијацијата „Алумни“, Школа за млади лидери (ИСЛАА) и волонтери од Народната канцеларија на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера организираше акција за дарување крв. Акцијата ја поддржа и Кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов, а според оваа асоцијација, добро е секогаш да има поголеми резерви крв на клиниките, кои неопходни во летниот период. Овие хумани луѓе сметаат дека секогаш е вистинско време да се дарува крв, затоа што човечкиот живот е драгоцен. Можноста да се помогне и да се спаси еден живот е нешто што треба да го направи секој здрав и медицински способен човек и затоа ги повикаа граѓан��те да ја даруваат течноста што значи живот.
„Се надеваме дека акцијата ќе ги поттикне сите граѓани во Република Македонија, посебно младите, да креираат чувство на одговорност кон општествените работи, посебно да се помогне за нечиј живот“, нагласи Катерина Вељаноска од асоцијацијата „Алумни“. (Сн.К.) |