Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје

Павер-елементи и нови канделабри во населбата Скопје Север

Општината ја разгледува можноста за отворање зелен пазар во населбата

Општина Бутел гради пешачко плато покрај средното економско училиште „Арсениј Јовков“ со површина од 1.000 квадратни метри. Со изградбата на платото на улицата „Костурска“, ќе се уреди влезот пред ова училиште, кој беше обраснат со троскот. Ќе се исчистат и сите остатоци од некогашните бараки, а ќе се отстранат и старите возила. На ова место ќе се изгради и нов паркинг-простор, на кој се поставува и нова електрична инсталација за шесте канделабри што ќе го осветлуваат.

Од Општината објаснуваат дека ја разгледуваат и можноста за отворање зелен пазар во близина на улицата „Костурска“. Сметаат дека токму оваа локација е најпогодна поради тоа што овој дел од населбата е густо населен и фреквентен поради неколкуте јавни установи во близина. Жителите од Скопје Север сега мораат да пазаруваат на зелените пазари во Чаир и Бутел и на дивиот пазар во населбата Топанско Поле.

Уредувањето на целиот потег се заокружува со поставување павер-елементи на патеките што водат од улицата „Костурска“ до влезовите на станбените згради. Тие ќе бидат осветлени со нови канделабри, а ново осветлување ќе има и секаде каде што е потребно на другите улици. Нови 15 канделабри веќе има на улиците „Лазо Москов“ и „Тале Христов“.

Средствата за сите зафати се обезбедени од буџетот на Општина Бутел. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 298 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Комарците не чекаат тендери
Фудбалско игралиште во Кадино
Чаир и Бутел на суд за долг кон фирми