Општините Чаир и Бутел веќе неколку години водат судски спор поради неплатени обврски кон фирми и незавршени инфраструктурни зафати. Станува збор за обврски за кои пред пет години двете општини не успеале да се договорат со делбениот биланс на поранешната Општина Чаир. За колкава сума пари станува збор и кон колку фирми должела старата општина, сегашните одговорни не сакаат да конкретизираат. Предметот, велат, е во судска процедура и се чека разрешница.
Вене Тасевски, секретар во Општината Чаир, објасни дека нема спор меѓу двете општини, туку станува збор за обврски кон фирми. (Сн. К.)