Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Искушенија на владите на Македонија и Хрватска

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) е политички идол на македонската ВМРО-ДПМНЕ

Соња Крамарска

Ниту на партијата не и' кажа зошто замина. Со оваа констатација хрватските медиуми го заокружија петдневното турбо известување за политичкиот земјотрес во Загреб, предизвикан од ненадејното заминување на Иво Санадер и уште поненадејното устоличување на тронот на новата ѕвезда на балканското политички небо, Јадранка Косор.

И македонските медиуми се' уште бараат одговор на прашањето зошто замина вицепремиерот за европски интеграции и заменик-премиер. Одговорот го знае само елитна група политички функционери, вклучувајќи ги и премиерот Никола Груевски и, се разбира, подносителот на оставката Ивица Боцевски. Но, тие се спокојни по тоа прашање. Груевски експресно пронајде замена за Боцевски, а тој, пак, весело игра на свадба во Америка.

Хрватската демократска заедница (ХДЗ) е политички идол на македонската владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. Двете партии важат за релативно нови на балканската политичка сцена, а ХДЗ е дури и една година постара од ВМРО-ДПМНЕ. Двете партии се кориснички на услугите на иста фондација - германската Конрад Аденауер, а премиерите и партиски лидери Никола Груевски и, до завчера, Иво Санадер имаа редовна телефонска комуникација. На состанокот на Европската народна партија одржан пред две седмици во Брисел, Груевски и Санадер, по којзнае кој пат, седнаа да ја продискутираат балканската ситуација и она што ги мачи двете земји: македонскиот спор со Грција и хрватскиот спор со Словенија.

Додека едниот велеше „не им даваме на Словенците ниту една педа хрватска земја“ (така Санадер го заврши својот проштален говор пред своите сопартијци минатата сабота), другиот прво велеше „не го даваме името“, а сега вели „ќе направиме компромис, но под наши услови“. Заеднички именител на Санадер и на Груевски е што и двајцата беа или се заложници на поддршката што Европа им ја дава на двете посилни страни во споровите: Грција и Словенија. Како резултат на тоа двете земји тапкаат во место, а нивните премиери не можат да се пофалат дека ја исполниле толку потребната европска агенда за нивните граѓани.

„Јутарњи лист“ ја информира хрватската јавност дека Санадер конкретизирал дека една од причините за оставката било да испрати порака до Европа, која отворено се ставила на страна на Словенија, блокирајќи го членството на Хрватска во ЕУ, додека спорот не биде решен. „Но, нема да добиете ниту еден сантиметар земја. И покрај вашата уценувачка политика Хрватска ќе влезе во ЕУ, а вие ќе морате да гласате за тоа“, порача Санадер кревајќи ја загрепската конгресна сала на нозе.

Во Македонија оставката на вицепремиерот Боцевски остави широко поле за шпекулации. Сепак, не и за такви мотиви - кои единствено можат да бидат логични во целата мистерија околу неговата неочекувана демисија. Заминувањето на Боцевски со политички јазик може да се објасни и како потег што му претходи на уште еден неуспех Македонија да добие датум за преговори, кој непристојно се пролонгира веќе четири години. Меѓутоа, само како уште една претпоставка затоа што ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ и во тој дел се слични - одбиваат да бидат одговорни пред своите граѓани. На тој начин двете партии слепо ја следат балканската политичка некултура.

Речиси во исто време, кога Санадер ги повлече последните потези на сценариото да ја постави Јадранка Косор за нов партиски лидер и премиер (нешто на што редовно се скандализира македонската провинцијална јавност, која преферира барем двајца тркачи за лидерска функција и партиска процедура), во Скопје Груевски лансираше нов вицепремиер.

За разлика од Косор, која е политички близнак на Санадер, новиот македонски вицепремиер Васко Наумовски нема ниту партиска легитимација од ВМРО-ДПМНЕ, туку доаѓа од научните кругови, кои сметаа дека претседателот Ѓорге Иванов не мора да го каже својот став за името се' додека не биде и формално инаугуриран на функцијата. Да ги слушаше американскиот претседател Обама советите на новиот македонски вицепремиер веројатно немаше да се истрча да го кажува својот став околу повлекувањето од Ирак уште за време на претседателската кампања.

Деновиве многумина се прашуваат дали двете оставки во Македонија и во Хрватска означуваат почеток на некакви нови процеси во регионов, кој е заглавен во меѓусоседски спорови, кои го блокираат вклучувањето во Европската унија. Новата хрватска премиерка Косор својот мандат го започна со порака до Словенците „то не бум ишло“ или во македонски превод „тоа нема да се случи“, алудирајќи на барањата на Европа Хрватска да попушти во спорот со Словенија.

Засега „то не бум ишло“ - е политичка реалност и во Македонија, бидејќи кликата околу премиерот Никола Груевски не покажува никакви знаци на вистинско расположение за завршување на спорот со Грција, иако формално се водат преговорите под покровителство на ОН. Балканот тешко се одлепува од национализмот - е единствениот логичен заклучок по овие два навидум одвоени настана на македонската и на хрватската политичка сцена.


Статијата е прочитана 3186 пати.

Испрати коментар

Од: mitko veli postojat i razliki
Датум: 06.07.2009 01:47:03
Nerealno e eden nikakov Grujo da go sporeduvate so Sanader. Toa e kako 25 metarniot spomenik na Aleksandar da go sporeduvate so skulpturata Prosjak (vo centar) . Nerealno e da go spreduvate i sporot megu Slovenija i Hrvatska kade se raboti za realen vazen teritorijalen spor, so nasiot spor so Grcite kade fakticki realno gledano nema nikakov spor. Grcite gledajki kakvi nesposobni deca ne vodat, ja koristat sekoja sansa malku da ne rasamaraat i glavniot problem (Egejcite) da go nasocat kon nekoja banalnost (imeto). Sto bi ste napravile vie da ste na mestoto na Grcite i koga bi pregovarale so tipovi kako Grujo, Djole, Milosovski, Kontevska, Bocevski i ovoj posledniot Vase? Zarem ne bi ste im puknale po nekolku vreli samari? Videte samo kako naivno i glupavo nasite deca ja branat nasata cest i interesi. Kradat istorija i maloumno se slikaat pred mapi na Pregolema Makedonija. Celo vreme im davaat alibi na Grcite da se odnesuvaat kako sto se odnesuvaat.
Од: Jas
Датум: 06.07.2009 03:41:59
Stvarno li Gruevski znae zosto mu zamninal ministerot..ne veruvam..zosto togas ne go kaze toa. Ahaa a znaci pak ovoj koj ja dava ostavkata spokojno igra na svadba..a nie ostaveni na milostvi nem ilost da sesekirame!
Од: pp20
Датум: 06.07.2009 04:15:52
Se nadevam deka Gospoga Kramarska gi cita komentarive pa bi i postavil edno prasanje za sledniot citat: Балканот тешко се одлепува од национализмот - е единствениот логичен заклучок по овие два навидум одвоени настана на македонската и на хрватската политичка сцена Za koj nacionalizam Kramarska pisuva za Makedonskiot i Hrvatskiot nacionalizam OD EDNA STRANA ili pak za Sloveneckiot i Grckiot od druga zasto mene licno ne mi se gleda logicno da edna zemja bara od druga da go smeni imeto a druga da bara teritorija za "davanje dozvola" za vlez na Hrvatska vo EU...a pritoa Makedonija i Hrvatska da se obvinuvaat za nacionalizam i Balkansko Odnesuvanje......Dali vie Gospogo Kramarska mislite deka EU e idealna organizacija a nie i Hrvatite sme "Zaostanati Balkanci" zasto za mene branenje na ime i teritorija e sveto za sekoj narod...Zaostanatite Balkanci nikogas ne pocnaa vojna ne stvorija genocid na milioni luge (Germanija) ne koloniziraa (Anglija i Francija) .....EU treba da se zasrami..
Од: Takvi "patrioti" - BEGALCI kako Bocevski NE i se potrebni na Makedonija
Датум: 06.07.2009 04:43:46
Abe kakov Bocevski otkacete go covekot!!! Toj da bese kako treba i da i mislese dobro na Makedonija ne ke begase vo Amerika. Ako si maz i prav politicar ke sedis tuka i ke se soocis so site posledici. Lesno e da mu ja duvnes od drzavava vo period koga seuste narodot smetase deka e vice premier na Makedonija pa od tamu da dava ostavki. Ako imase dobles tuka ke bese a ne sega da se krie po svetot. Tolku gluposti treskase za Branko i frlase drvje i kamenje po nego ama Branko NIKOGAS kukavicki ne izbega od Makedonija i ne go ostavi svojot narod na cedilo tuku maski dostoinstveno gi izdrza site ponizuvanja i plukanja po nego i seuste so gordost so dignata glava odi niz Makedonija i se bori za nea a ne kako ovie samo-nareceni "patrioti" kako Bocevski koj na prvata sopka se usraa i zbrisaa od Makedonija. Ma kakva i da bila pricinata na Bocevski za ostavkata jasno e deka toj mizerno i KUKAVICKI go napravi toa. Toj mozebi utre-zadutre ke se vrati no... SO KOJ OBRAZ i STO ke ni objasnuva togas??
Од: Brian, Canada
Датум: 06.07.2009 05:11:03
G-gjo Kramarska ili imas temperatura (i toa visoka) ili ne znaes sto zboruvas, ili si vi nekoja psiho-deliricna sostojba. Kako moze branenjeto na sopstvena teritorija - znaci anektiranjeod druga drzava (podefinicija toa e agresor), branitelot t.e. Xrvatska da bide nacionalist. Zarem ocekuvas da im go dadat zalivot, za sto? Ne mi e jasna vasata logika? Koj e tuka vo pravo? Urednik ste, pa sigurno znaete deka toj sto ja brani svojata zemja od kradenje teritorija, odnosno ime ne vodi nacionalisticka politika, tuku ja brani svojata tatkovina, za sto ima i obvrska. Gospod ne uslisil sto takvi kako vas ima mnogu malku, pa mirot preovladuva, za sreka.
Од: KBR
Датум: 06.07.2009 06:44:13
Sporedbata vi e neprimerna Bocevski-Sanader ( a da e zlobna namerata nema zbor), vprocem i site vasi tekstovi se zlochesti , kak bi kazale Hrvatite. Da ve slusavme vas i vasite mentori od SDSM dosega ke bevme mozebi i na Mars, a ne samo vo EU i NATO. Inaku sekoja chest na Sanader za "Ni santimetar ne davame od Hrvatska", moze samo da uchime od niv.
Од: vmrovec
Датум: 06.07.2009 09:19:03
A koj bese toj Bocevski, aj dosta so toj Bocevski kako da neznam sto e i sto napravil, sega znam kako od SDSM dosol vo VMRO DPMNE pak nekoja siva eminencija. Maliot ne da e bos, bos , bos.
Од: Emil
Датум: 06.07.2009 09:24:59
Nemozam da se oslobodam od vistinata vo Mayerovata enciklopedija( ke pratam kopija do Utrinski), kade jasno pise deka jazikot na antickite Makedonci e poznat so malku zborovi i ne bil dijalekt na grckiot jazik. Toa znaci antickite Makedonci ne bile Grci,osven upotreba na grckiot od strana na makedonskata aristokratija.Mayer veli deka za Grcite Makedoncite bile "Varvari".Vo Egejot Grcite isklaa po 1913 mnogu Makedonci za da dokazat deka se Grci.Ako bil nivni narod zosto kolea?E,koj krade istorija, sto pisat tuka glupcite? Kradat Grcite, a ne nie. Zosto go palea Delceviot Kukus? Najgolemite ilindenci ni se od Egejot.
Од: goce
Датум: 06.07.2009 09:25:04
"то не БУМ ишло" !!!!???? - браво за словенечкиот :))) па згора и преведено на македонски :)))
Од: pikaso
Датум: 06.07.2009 09:49:31
zosto vo MAKEDONIJA nema novinari?Ve molaam bez cenzura objavetego komentarov.
Од: Hrvatska da ni bide primer
Датум: 06.07.2009 10:43:07
Avtorkata treba da mu pozavidi na Sanader i na Hrvatska. Koga se raspagase SFRJ site Hrvati bea za nezavisna Hrvatska, a vasata clenska 001 ja spasuvase Jugoslavija. Za toa sega VMRO treba da ja oprava rabotata sto vie koga trebase ne ste ja zavrsile.
Од: Od Tito
Датум: 06.07.2009 11:29:44
Каква факинг-опозиција е таа што своето место во политичкиот систем си го најде во критикување на власта од грчка позиција, демек, власта ни била нефлексибилна, и мислела лошо на Македонија оти не се сложувала со условите што ги поставува Грција и дека на тој начин и правела штета на сопствената држава оти заради тоа не не пуштале во НАТО и ЕУ.. Кое моронство е тоа, која дволичност и предавство! Какви луѓе се тие новинари што ја поддржуваат таквата предавничка политика? Тие и својата мајка или ќерка би ја продале за подобро да живеат, да имаат европски стандард. Каков пад на моралот е тоа, каква душевна беда е тоа?! Незнаење ли е или немање никакво достоинство? Да се критикува власта , посебно нашата, може и треба.Простор има колку ти душа сака. А овие мршојадци се сврте баш против единствената добра работа што таа власт ја работи - не им попушта на понижувачките предлози на меѓунардоните поддржувачи на грчката асимилациона политика.
Од: Trajko
Датум: 06.07.2009 12:13:15
Zoshto Bocata zamina ,samo pastirot znae.Scenarioto toj go ima pishuvano so negovite sorabotnici.Strav me faka ,koga ke dojde sudniot den i koga od serialot ,pastirot zaminuva.
Од: Никола
Датум: 06.07.2009 12:17:02
Не ми е јасно, кој фактор е тој Боцевски, па да волку се пишува со денови. Тоа е само еден од гарнитурата на неписмените вмровчиња кој ја упропастуваат Македонија. На тие не треба ни сантим простор да им се намени во рубриките на весниците. Од овчари, волвари и приучени дилерчиња политичари не излегуваат. За тоа треба школо и педигре фамилијарно. Народот конечно треба да ги игнорира за да сватат каде им е местото - на планина, од каде се симнале, заедно со нивниот главен овчар.
Од: SLAVJANSKI
Датум: 06.07.2009 12:36:59
Odbivanjeto da se smeni imeto po baranje na drzavata sto izvrsi genocid i etnicko cistenje na Makedonskiot narod da se narekuva NACIONALIZAM - eee zalna Makedonijo
Од: Do Brajan i PP 20
Датум: 06.07.2009 13:10:19
Ona sto se slucuva vo Makedonija bez obzir na site okolnosti se narekuva fasizam, diktatura, povtorno voskresnuvanje na Causesku. Kolku i da ste slepi, kolku i da ve placa za komentarite vasiot Firer, ona sto sekojdnevno go pisuivate vo odbrana na ona sto ne moze da se odbrani zboruva za toa na koe intelektualno nivo pripagjate. Za sreca se blizi krajot na ova diveenje vo Makedonija i ke bide zapisano vo istorijata kako crn period.
Од: janev
Датум: 06.07.2009 13:16:41
Sporedbite na sostojbite na politickata scena na Hrvatska i Makedonija ne soodetstvuvaat. Vo Hrvatska ostavkata ja podnese premierot, dodeka kaj nas toa bese eden od ministrite, koj za sreka brzo i adekvatno bese zamenet. Vo sekoja seriozna zemja toa ke se smeta za ad akta samo kaj nas mediumite se zamaraat so Bocevski cela nedela. Cela redakcija na Utrinski neka uplati carter let za SAD i neka razgovara so Bocevski zatoa sto izgleda samo niv toa gi interesira
Од: Ivica, Republika Makedonija
Датум: 06.07.2009 13:25:22
G-gjo Kramarska, bez namera da zalam za g-din Bocevski koj vredi mnogu malku za da mu se pisuva sporedbena kolumna, seriozno ve sovetuvam da go ostavite novinarstvoto na nekoj sposoben i analiticen um sto ke ni kaze nesto izdrzano a pri toa da ne doagja so smrdeata od SDSM-ovskata kujna. Malku se gushime vo vmro-vska rea, pa uste i vie falite da ne davite so vasite tekstovi koi nemaat konceptualen priod za temite koi gi pokrivaat. Vie ste eden obicen partiski portparol i po nisto ne se razlikuvate od tipovite kako Bicikliski ili Stankovic ili ne znam koj drug ... Dajte ne ja ubivajte novinarskata profesija koja i onaka e potonata dlaboko vo kalta.
Од: _Симона_
Датум: 06.07.2009 13:30:48
Samo edno...tranzicija
Од: khm
Датум: 06.07.2009 17:45:38
I jas za slovenečkiot se zakačiv :) "To ne BO šlo" ili "To ne BU išlo" - prvoto e slovenečko, a vtoroto dijalektno hrvatsko... BUM ne go biva vo ovoj kontekst, a ne e ni slovenečko!
Од: MK
Датум: 06.07.2009 18:34:49
Dobro bre luge kakva e taa odgovornost od koja begat grujo i site tie so gi spomnuvate.Site znaeme deka edinstvena pricina zaradi koja ne sme u EU i NATO e sporo so grcija i sto sakaat po sekoja cena da ne osakatat.Ako sakate mozeme uste utre da vlezeme u EU ama po uslov da ne snema od kartata na sveto kako Makedonija,Makedonci i sl.Izvinete ama pregolema e cenata so sakat da ja plateme za eden vlez u EU.Odgovornosta ke bide uste pogolema ako go smenat imeto politicarite ne samo od VMRO od koja i da e politicka partija.Razmislete ubavo so ke se dese so nasta drzava ako se smene se.Ke bideme evropski drzavjani?Kako da ne evropski drzavjani zagubeni u evropa bez identitet i bez nisto ama vazno u evropa.Bi trebalo da bideme obedineti site barem za ovoa prasanje imeto ama kako so gledam u Makedonija povazno e stolceto u parlamento odkolku drzavata koja nema da postoe uste malku ako produzeme taka.Sega gledam deka dzabe e bil celio trud na naste predci za samostojna MAKEDONIJA.SRAMOTA

Најди! во Утрински
Втора страница
Комуникација со деманти
Verbatim
Нимиц на средба со државниот врв
ЛДП- Брисел бара поголема сериозност за влез во НАТО