Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

ЛДП: Брисел бара поголема сериозност за влез во НАТО

Либералдемократот Нано Ружин, кој изминативе неколку дена престојуваше во Брисел, вчера ги пренесе пораките од неговите средби што ги остварил со амбасадорите и функционерите на НАТО. Македонија, истакна тој, се' уште ужива статус на квалификувана членка за полноправно членство во НАТО, добиен на Самитот во Букурешт минатата година, но Брисел го губи трпението.

„Бев информиран дека нашиот статус на квалификувана членка не може да биде вечен доколу Македонија не го реши спорот со името до крајот на годинава, а агендата ќе се отвори со други прашања и задолженија кои ќе и' се дадат на земјава и можат да станат дополнителни за членство во НАТО. Тоа се политизацијата, независноста на правосудството, притисоците врз медиумите, притисоците врз јавната администрација, одлевањето на буџетот на Министерството за одбрана кон другите министерства“, рече Ружин. Тој ги пренесе пораките дека доколку не дојде до подобрување на овие прашања, што заедно со нерешавањето на спорот со Грција би можело да придонесе Македонија да го загуби стекнатиот статус. (Св.У.)


Статијата е прочитана 313 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 06.07.2009 00:11:41
brisel nema pravo na zbor, sto tie npravija za sporot?i ostvija na grcij pravo na veto! grcija gi upotrebuva vetata od NATO i EU vo bilateralniot spor, a NATO i EU se pravat neutralni! poarno neka kutat!
Од: NATO-JATO
Датум: 06.07.2009 01:05:41
Gospodinot Nano e odlicen kvalifikuvan prenesuvac na informacii od Brisel -toa e dokazano. A sakam samo da prasam ako bevme kfalifikuvani zosto ne ne primija vo Bukurest? i vtoro od koga eden voen sojuz koj stiti kojznae kakvi interesi i e dokazano dvolicen,trolicen ,genociden,aroganten i sto li ne nas ke ne uci na demokratski principi,slobodi na ova ili ona odnosno ke ni prodava basma. Zatoa apeliram da ne se popusta ni milimetar za imeto i za bilo sto !
Од: pogled
Датум: 06.07.2009 07:48:28
Во кое својство Нано Ружин добил пораки од амбасадорите и функционерите од НАТО?. НАТО е сериозна организација и своите пораки и забелешки ги доставува до легитимните органи на власта во Република Македонија.
Од: graganka
Датум: 06.07.2009 08:43:38
Ne go biva tipot..
Од: dosta veke
Датум: 06.07.2009 10:46:40
Zasto ne gukna vo Brisel nesto Ruzin da ja odbrani Makedonija. I dosta veke ni soli pamet so toa Nato.
Од: Александар
Датум: 06.07.2009 12:07:13
Катастрофа!! И сега овој човек треба да учи следни поколенија на дипломати (Нели декан го направија на ФОН) Одлично со вакви даскалско-интелектуални кадри, не ни бега бришење од лицето на планетава..
Од: janev
Датум: 06.07.2009 13:20:53
Citam i ne mozaam da se iznacudam Se zapnal ovoj Ruzin do krajot na godinata mora kompromis. A sto dokolku Grcija resi do krajot na godinata da odi so stavot da se vikame Pajonija i nie na kraj ke mora toa da go prifatime, zatoa sto pominuva godinata koja g-not Ruzin i negovata kompanija ja predvidela za unistuvane na identitetot na ovaa zemja i ovoj narod. Ne smee da se izbrzuva, ne se kupuvaat semki vo park , tuku se vodat pregovori za imeto!!!!!!
Од: nekoj
Датум: 06.07.2009 14:15:45
Pa dobro ne mora da go resite sporot, ne vi treba NATO,ne vi treba EU, sedete si vo toa "dupkata" FYROM i ne se nervirajte koj sto kazal; koga veke ne vi e bitno...
Од: mile
Датум: 06.07.2009 18:38:31
Baravo za Ruzin i LDP sekogas razmisluvaat evropski i napredno,vakvi politicari i trebaat na MAKEDONIJA steta sto ne stana pretsedatel

Најди! во Утрински
Втора страница
Искушенија на владите на Македонија и Хрватска
Комуникација со деманти
Verbatim
Нимиц на средба со државниот врв