Број 3028  понеделник, 06 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Комуникација со деманти

Деспина Трајковска

Министерството за транспорт и врски продолжува со практиката да комуницира со јавноста само кога демантира и кога се пофалува за сработеното. Цели фермани од деманти и информации за тековни активности Министерството експресно испраќа на редакциските мејлови и факсови, се огласува и лично на мобилните телефони на новинарите, а често ја користи и СМС-опцијата. Секоја чест за ваквата комуникација, но, сепак, надлежните не треба да заборават вака да комуницираат и кога јавноста бара некаков одговор од нив. Прашањата и дилемите на новинарите треба да им се приоритет, бидејќи, сепак, тие се нишката со јавноста. А, таа деновиве воопшто не се интересира за објавените лицитации, официјалните средби на министерот Јанакиески, акцијата за чистење на Вардар...

Напротив. Ја интересира што ќе преземе Министерството во врска со земјиштето на кое треба да се гради црква? Дали и како тоа ќе и' се додели на МПЦ, без пари или Црквата ќе треба да го одврзе ќесето, и за колку? Постои ли и до кога е рокот за конечно изјаснување по жалбите на тендерот за двокатни автобуси? Ова се само дел од темите на кои јавноста бара одговор, а од Министерството има само молк, што не е прв случај.

Доколку сакаат јавноста да биде точно информирана, како што укажуваат кога демантираат, Министерството за транспорт и врски треба навреме и конкретно да одговори на прашањата од медиумите. И никако за пример да не го следат министерот Јанакиески, кој за една од најактуелните теми во овој период, случајот со земјиштето за црква на плоштадот, ни одговори: „Не знам што да ви кажам. Да не ве излажам, проверете сами во Законот“. Е, па, што е многу, многу е...

 


Статијата е прочитана 827 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 06.07.2009 11:08:04
Ова ЕПП влада на ДрпниПрисвојМатиНатовариЕмигрирај има толку големо искуство,што сите министри да ги собереш неможат да бидат способни како градоначалникот на Истамбул.Тој обеќа дека Македонија може да ја направи доста напредна земја да му се дозволи само за викендите да работи со неа.Нему не му биле потребни 24/7 каде се работи а ништо не се сработува а само се прати во дворот на комшијата за да има што да се коментира во медиумите.Сегашната власт толку многу е окупирана со деманти па нема време да си ги сработи и работите за кои се задолжени.За нив се некој друг е виновен а тие никако да се погледнат пред огледало и да кажат дека вистински виновници се тие со нивното неискуство а голема омраза.
Од: Nino
Датум: 06.07.2009 11:25:58
Eh bre Mile,bre...
Од: Lile
Датум: 06.07.2009 13:34:55
Г-ѓо или г-це Трајковска. Написот и прашањата во истиот Ви се наместо. Но мора да знаете дека ова време во Македонија е ВРЕМЕ НА ПАМЕТНИ ПРАШАЊА И ГЛУПАВИ ОДГОВОРИ.
Од: Verag
Датум: 06.07.2009 18:39:47
Во истиот стил беше одговорот на независниот Иванов на прашање за разумен компромис. Вие сте новинари,треба да знаете. А се разбира дечиштата што се министри не треба да знат .

Најди! во Утрински
Втора страница
Искушенија на владите на Македонија и Хрватска
Verbatim
Нимиц на средба со државниот врв
ЛДП- Брисел бара поголема сериозност за влез во НАТО