Хајдер најави враќање во австриската политика
КЛАГЕНФУРТ - Десноориентираниот популист Јерг Хајдер, направи враќање на политичката сцена, што има за цел зголемување на изгледите на неговата партија на предвремените избори во Австрија закажани за 28 септември, но без поттикнување на политиката која порано предизвикуваше бранувања низ Европа. Ги нема повеќе ксенофобичните изливи и одбранбената реторика за Третиот рајх на Хитлер, што беа причината да се воведат краткотрајни санкции од страна на ЕУ кон Австрија кога неговата партија беше дел од сојузната владејачка коалиција од 2000 до 2006 година.
Хајдер, чијашто наклонетост за контроверзии едно време беше толку голема што се прошири на одржување на врски со Садам Хусеин и Моамер Гадафи, сега настапува со забележително посмирен и помирувачки профил по тригодишното повлекување на позицијата гувернер на провинцијата Корушка. Тој изјави дека неговата мала партија може да биде дел од „одговорната алтернатива“ на нефункционалната коалиција на двете големи партии во Австрија, наведувајќи дека неговите ставови, се' уште против имиграцијата и против интеграцијата во ЕУ, се во согласност со главните текови. Анкетите покажуваат дека четвртина од Австријците ќе го дадат својот глас за екстремната десница, речиси двојно повеќе од бројката на изборите во 2006 година, во силната реакција против партиите кои се ориенирани лево и десно од центарот, а чиишто несогласувања во јули ја уништија „големата коалиција“. Повеќето од симпатизерите на десницата нема да се соберат околу Хајдер туку кон ривалската, вирулентната ксенофобична Партија на слободата што тој ја предводеше до 2005 година, кога борбата за власт го натера да формира друга партија која доби само маргинален статус надвор од неговата провинција. Сепак тој посочи дека неговата Алијансата за иднина на австриската партија ќе освои шест до осум отсто од гласовите, речиси двојно повеќе од резултатот што го постигна во 2006 година. Аналитичарите го гледаат тоа како возможно со оглед на угледот на Хајдер на национално ниво, големиот медиумски публицитет и нелојалност кон утврдените партии. „(Наша цел) е најголем можен дел од 25-процентната пита“, изјави тој. (Ројтерс) |