Брoj 2777  вторник, 02 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Монструозно (само)убиство на имот на британски милионер

Пронајдени телата на Кристофер Фостер и неговата сопруга Џилијан, но нивната 15-годишна ќерка Кирсти е – исчезната

Британската полиција ги идентификуваше телата кои пред два дена се пронајдени меѓу урнатините на импозантниот имот на британскиот милионер Кристофер Фостер во Шорпшир. Телата се идентификувани од форензичари врз основа на отпечатоци на забите. Станува збор за 50-годишниот Фостер, неговата 49-годишна сопруга Џилијан, нивната 15-годишна ќерка Кирсти и натаму се води како исчезната.

Полицијата утврди дека Џилијан пред да изгоре во пожарот била застрелана во глава. Застрелани се и кучињата и коњите кои му припаѓаа на семејството, а телата се пронајдени, исто така, меѓу урнатините. Телата на Фостер и на неговата сопруга се пронајдени во просториите за дневниот престој, а во нивна близина и пушка со калибар од 5,6 мм сопственост на милионерот.

Според пишувањето на британските медиуми, таа трагична вечер кога огнот ја проголта вилата од 16 век, вредна 1,2 милиони фунти, Кирсти се допишувала со една пријателка преку Интернет. Струја снемало во вторникот околу 1 часот, а куќата се запалила околу 4. Вилата, гаражите и другите придружни згради на имотот во идиличното село Маесбрук целосно изгоре.

Во британските медиуми последните денови се јавија различни приказни за тоа дека Фостер го убил своето семејство поради долгови. Пред неколку дена „Дејли мирор“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека постои „големо сомневање дека се работи за семеен инцидент, во кој еден од членовите на семејството ги убил другите двајца, по што ги масакрирал животните и извршил самоубиство“, односно „дека е познато оти Фостер имал проблеми со пари“. Имено, во 2006 година претпријатието на Фостер „Улва лимитед“ било ликвидирано. Фостер завршил на суд, но не и на обвинителна клупа, бидејќи им се судело на двајца мажи кои биле обвинети дека од него преку уцена се обиделе да извлечат 100 илјади фунти. Двајцата се ослободени. Во прилог на теоријата за убиство и самоубиство поради долгови оди и изјавата на еден од пожарникарите кој на новинарите им открил дека вратите и прозорците на вилата однатре биле заглавени со цел наводно пожарникарите потешко да го изгаснат огнот. Точно што се случило би требало да покажат снимките од камерите за видеонадзор кои биле поставени на имотот.

Но, еден од соседите на Кристофер Фостер се сомнева дека можеби целото семејство е ликвидирано.

„Слушнав од кругови на нивното семејство дека им се подготвува одмазда од некого, а поврзана за фирмата на господинот Фостер“, изјави за новинарите на порталот „Ова е Лондон“ соседот кој не сакаше да го открие своето име. (Вјести нет.)


Статијата е прочитана 1152 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Европските лидери се откажаа од идејата за санкции спрема Русија
Путин спаси телевизиска екипа од напад на тигар
Медведев не сака американски диригент
Ураганот „Густав“ му ги расипа плановите на Мекејн
Хајдер најави враќање во австриската политика
Јапонскиот премиер поднесе оставка

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.