Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Промоција на нов спот за „French Cheese“ на „Беј д’Фиш“

Новиот спот на „Беј д’Фиш“ за третиот сингл „French Cheese“ од актуелниот албум „TIme to Make Things Right“ ќе биде промовиран во понеделник на 3 мај во кафе-барот „Кино Карпош“ со почеток во 19,30 часот. Коктел-промоцијата се совпаѓа со светската премиера на спотот, која оди ексклузивно истиот ден на регионалниот музички канал MTV.

Главната и единствена улога во спотот ја има македонската актерка Кристина Леловац, која носи креација од последната колекција пролет/лето 2010 на македонскиот дизајнер Јован Петровски и модни додатоци на Горан Иан. Директор на фотографија е Кристијан Војдановски, режисер е Васил Ѓуроски, а за шминката се погрижи Марија Ленчевска. Монтажата ја работеше Доријан Миловановиќ, додека за постпродукцијата одговорен беше Дамјан Митревски.

Ова е трето видео на бендот од албумот „Time to Make Things Right“ по „Livin’ in a Box“ на Горан Костовски – Индог и „True Story“ на Георги М. Унковски, кое помина цели девет недели на официјалната топ листа на музичкиот канал MTV, од кои три недели беше на врвот. Во втората половина, пак, на месец мај ќе биде емитуван и акустичниот настап на „Беј д’Фиш“, кој екслузувно го снимија за потребите на емисијата „МТВ Експрес“.

Промоцијата на спотот „Frech Cheese“ ќе биде надополнета со ди-џеј сет на „Беј д’Фиш“.


#
Статијата е прочитана 374 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Штетите на Араста-џамија се огромни
„2012 - последните Македонци“ со нов апел за разбирање
„Цунами“ ги освои Јабука и Лесковац