Број 3272  понеделник, 03 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

„2012 - последните Македонци“ со нов апел за разбирање

Претставата на Сашо Миленковски низ народните умотворби го претвора нашиот очај за разбирање во фарса

Сунчица Уневска

Премиерата на претставата „2012 - последните Македонци“ во режија на Сашо Миленковски, која се одржа на 29 април во Драмски театар, беше испратена со еуфорични аплаузи. Понекогаш е навистина многу тешко да воспоставите дистанца особено ако сте присуствувале на премиера. Бидејќи, како по правило, премиерите често се многу добро поздравени и понекогаш премногу исфорсирано наградени. Што се однесува до „2012 – последните Македонци“, тоа е претстава што е симпатична, на моменти луцидна и комична, во која шестемина актери се навистина одлични, но чија претензија да го отслика македонскиот генетски и духовен код е повеќе замислена отколку навистина остварена.

Не дека претставата не содржи многу од нашите народни умотворби, фолклор и обичаи. Напротив. Ги содржи толку многу што тешко дека ако во сето тоа не сте упатени, било што можете и да разберете, освен да се забавувате. Тоа така звучи за нас, како што вели Миленковски, луѓето од 21 век кои не ја знаат духовната историја на својот народ, а камо ли за странците. Сепак, не би се согласиле со режисерот дека каде и да се одигра оваа претстава ќе биде разбрана. Тоа е забавна претстава преполна со толку многу работи, кои можат само да создадат хаос кај гледачот, па така таа не може да постигне ништо друго освен да биде комична. Прашањето е колку навистина би можеле да го доловиме кодот на Шведска, на Исланд или на било која друга земја ако гледаме нивна претстава преполна со нивниот фолклор, мудрости и обичаи. Ако не е забавна, тогаш може да биде само здодевна.

Не дека во претставата не е вложено многу труд. Во неа има од се' по нешто, во моментов таа секако е актуелна и адекватна за своето време и веќе поради самото тоа значајна и важна за многумина. Факт е дека сите народни танци, сите наши познати песни, користени од огромната ризница на народниот гениј, сите аранжмани на Венко Серафимов, како и играта на актерите помогнати од нашите искусни мајстори од „Танец“, се одлично изведени. Актерите: Билјана Беличанец – Алексиќ, Билјана Драгичевиќ – Пројкоска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков и Игор Ангелов се навистина импресивни во својата игра, преполни со енергија и ентузијазам. Па сепак, претставата во целина е далеку од она што претендира да биде.

Во неа има и од постарата и од поновата историја, има претензија да проговори за нашата издржливост и неуништивост, па дури и за нашето поигрување на своја сметка, кое и придонело низ сите премрежија во историјата да го зачуваме она што го носиме, вака или онака. „Комеди, комеди“, најавува цело време Рубенс Муратовски, и да, мора да бидете комични за да ве разберат тие кои не ве разбираат (или тие кои не сакаат да ве разберат). Има многу повеќе тенденциозност во оваа претстава од најавеното. А најавеното беше д��ка не е важно да не разбере Европа, туку важно е да се разбереме сами.

Но, ние сепак сакаме толку многу да кажеме и да претставиме, толку очајно сакаме да упатиме некаков крик за да не разберат, што понекогаш умее да се претвори во своја спротивност. Да, ние првенствено мораме да се разбереме и да си веруваме самите на себе. А оваа претстава, и покрај нејзината комичност и луцидност, па дури и навидум леснотија има поголеми цели, кои не стигнуваат таму каде што треба, а и навистина нема никаква потреба. Во секој случај, тоа е претстава која ќе биде првенствено забавна за нас, за оние кои можат она што е содржано во неа да го разберат, за да можат на тоа и да се смеат. Се разбира, ако сакаат таков вид на претстава.


#
Статијата е прочитана 550 пати.

Испрати коментар

Од: N.
Датум: 03.05.2010 05:11:34
Tekstov e katastrofa, te se povtoruva, te nisto ne kazuva!
Од: n
Датум: 03.05.2010 11:12:39
Da prav si.Ist e ko pretstavata.Za katastrofa pretstava ,katastrofa tekst.
Од: Biljana
Датум: 03.05.2010 11:32:40
tekstot e ednostaven, precizen, jasen kako den jas napolno se soglasuvam so nego, e sega na onie koi ne im odgovara sto e napisano.....
Од: viki
Датум: 03.05.2010 13:42:49
Tekstot e odlicen ne razbiram za kakva katastrofa se zboruva osven za prestavata. Mnogu ubavo e napisano i jasno kazano deka prestavata e pretenciozna i promasena za zal

Најди! во Утрински
Култура
Штетите на Араста-џамија се огромни
Промоција на нов спот за „French Cheese“ на „Беј д’Фиш“
„Цунами“ ги освои Јабука и Лесковац