Брисел и Берлин се амбасади-шампиони во трошење буџетски пари
Тамара Грнчароска
Понудата од Србија до соседните земји за заеднички амбасади го отвори прашањето колку чинат македонските дипломатски претставништва во светот и колку би се заштедило преку една „здружена“ балканска дипломатија. Кои се сумите што се трошат на педесетината дипломатски претставништва и мисии на земјава во светот?
Според податоците од МНР, мисијата во ЕУ во Брисел и амбасадите во Берлин и во Лондон се на врвот на листата во однос на доделените пари од ревидираниот буџет за оваа година. За вкупните трошоци на мисијата во Брисел, за чии потреби државата пред неколку години купи простории, се издвојуваат 26 милиони и 100 илјади денари, или 4.350.000 евра годишно. Поедноставно кажано за кириите за станови, за резиденцијата на амбасадорот, за плати, но и за работење и одржување на мисијата и за претставување на земјава во ЕУ, се издвојуваат месечно над 362.000 евра. Веднаш по Брисел според висината на трошоци е амбасадата во Германија, за која месечно се издвојуваат над 326.000 евра, а трета е амбасадата во Лондон со месечни трошоци од над 290.000 евра, или на годишно ниво околу 3,5 милиони евра.
Најевтината македонска амбасада и со најмалку персонал е во Талин, која доби 650 илјади денари буџет годинава, или околу 22.500 евра месечно. По Талин следуваат дипломатските мисии во Приштина и во Венеција, при што амбасадата во Косово ја чини земјава 635 илјади евра годишно, додека за генералниот конзулат во Венеција месечно се издвојуваат над 61.000 евра.
Во однос на понудата од Белград, дипломатите се согласуваат дека на таков начин реално би се заштеделе буџетски пари, но, исто така, се на став дека дипломатијата е скапа работа преку која се штитат интересите на земјата надвор од границите и преку која се гради нејзиниот имиџот. Според нив, понудата што ја даде српскиот претседател Борис Тадиќ не е нов модел на штедење на дипломатиите, бидејќи досега го применувале скандинавските дипломатии.
Од македонското Министерство за надворешни работи вчера информираа дека се' уште официјално не добиле никаков предлог од страна на Србија за заеднички амбасади на земјите од поранешна Југославија. „Оттука нема да коментираме се' до евентуалното официјално доставување на ваквиот предлог“, велат од МНР.
Македонија досега не практикуваше „делење“ амбасади по ниту еден модел, а пред неколку месеци за прв пат доби понуда од Турција, во земјите каде што немаме претставништва, македонските граѓаните доколку имаат проблем, да можат да се обратат во нивните амбасади.
Dobro sto ja otvorivte ovaa tema za diplomatijata zosto taa kako da e bauk vo nasite mediumi. No, malku prosirete ja temata pa istrazete kakvi i kolkavi se primanjata i drigite paricni i drugi beneficii na nasite ambasadori koi imaat i po pet pati pogolemi plati od Premieror i Ministerot za nadvoresni raboti, kako i niza privilegii - mercedesi za licno koristenje i sl. Imeno, kaj nasite ambasadori, kako na ionie od EU, ne e podvlecena linijata sto e sluzbeno, a sto e privatno, pa i vikendite vo planina ili na more so sluzbenite mercedesi, kako i vozenjeto na nivnite soprugi na pazar, ili deca vo skolite, sekoja cest na isklucocite, tie gi prikazuvaat kako sluzbeni. Pobarajte od MNR podatoci i napravete edna takva analiza, pa ce vidite koi se zlopupotrebi i trosenje na drzavni pari odat vo privatni celi.
Од: Ambasada vo Talin?
Датум: 04.11.2010 23:57:32
Samo idiot moze da otvora ambasada vo Talin! Ocigledno se raboti za licen interes na nekoj od celnicite na vladejackata partija! Celosen haos. Se e podredeno na perenje na pari, a drzavata nikoj ne ja bakari!
Од: Slovenec
Датум: 05.11.2010 00:35:31
Greshka e vo celata suma na pari shto gi plaka MKD gradjaninot za toa shto vo tie abasadi ima i takanareceni promotori koj vlecat ogromni sumu za stan kola benzin reprezentacija isto taka sega site ambasadi dobija i audi A6 2.7 benzin avtomatik sto troshat preku 20l.benzin nema kraj vo gluposta i raskoshot..........
Од: od mene
Датум: 05.11.2010 00:59:38
Interesno e kolku lesno novinarot dosol do informaciite a uste pointeresno deka se prenaduvani.
Samo da upotrebela prosta logika kolku diplomati imame po ambasada i kolku lokalen personal pa trosoci za sekoj od niv za stan i dr. sluzbeni potrebi ke videla deka sumite koi gi naveduva se astronomski i daleku od vistinata. Ako smetate deka 5 lica trosat okolu 300.000 evra togas navistina koristite pogresna matematika prvo sto prosekot iiznesuva 10.000 dnevno a vtoro zatoa sto platite na diplomatite se edni od najniskite vo svetot a plakjanjeto za stanovite e vrzano soglasno visinata na platite pa spored toa za plata i iznajmuvanje stan po diplomat vtor po rang vo ambasada ne e povekje od 5.500 evra. Znaci za personalot na edna mala ambasada okolu 30.000 evra mesecno.
Zasto ne se zagrizivte kako ziveat diplomatite tuku pisuvate za rasipnistvo i uste sporeduvate plati vo stranstvo i doma pa toa e apsurd. ambasadorska plata od 3.500 evra e na isto nivo so rabotnicka plata vo Evropa.
Од: Od Emigrant
Датум: 05.11.2010 01:19:49
E pa Najubavo spored tekstov da zememe zaednicka ambasada so Srbite, pasosite da gi frlime i da zemem Bugarski Pasosi, a najubavo ke bide po doma da pocneme da zborime Albanski. Gluposti, moze ne treba da imame ni drzava A, taka e sigurno poeftino ke bide!!!??? Ili ne A?
I ako moze da gi zaboravite iselenicite uste Poubavo, posto site sme si otisle od MK deka "mnogu ubavo ni bilo", pa sega i Ambasadite ne vi cinat... So e sledno, ke go zatvorite aerodromot da nema kaj da sletame ???