Киев - Премиерот Никола Груевски и украинскиот претседател Виктор Јанукович вчера во Киев си разменија листи со очекувања, во обид да се зајакне меѓусебната економска и друга соработка.
Премиерот Груевски притоа потенцирал дека меѓу Македонија и Украина постојат големи можности за пласирање македонски земјоделски производи на украинскиот пазар, за учество на украински фирми во изградба на гасоводниот систем низ македонска територија, како и за соработка во областа на металуршката и машинската индустрија. Се разговарало и за досегашното искуство на македонските градежни фирми во Украина и за можностите за нивно ангажирање во изградба на објекти за Европското фудбалско првенство во 2012 година на кое оваа земја е коорганизатор заедно со Полска.
Претседателот Јанукович нагласи дека Украина е заинтересирана за соработка со земјите од Балканскиот регион, при што особена важност им придава на односите со Македонија. Јанукович се заложи за укинување на визниот режим за патување на македонски државјани во Украина и на украински во Македонија, како и за отворање катедри за изучување на украинскиот јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и на македонскиот јазик на Националниот универзитет во Киев.
Шефот на украинската држава го поздравил и поставувањето на споменикот на Рад Шевченко во Македонија, при што најави дека ќе ја посети земјата за време на неговата турнеја низ балканските држави кон средината на идната година. (МИА)
Ukrainski gasovod niz makedonska teritorija? I od kade potoshno ke dojde do nas? Sigurno ke bide od nov, vozdushen vid.
Од: Joco
Датум: 04.11.2010 12:23:24
не е Рад Шевченко него Тарас Шевченко ... знаењето е сила :))
Од: коле
Датум: 04.11.2010 15:46:36
Не ни требаат ни европи ни америки и слично.
Да успееме да воспоставиме навистина блиска и жива ЕКОНОМСКА соработка со 3-4, 5-6 вака големи (според број на жители) економии и не би требало да имаме проблеми, повеќе години.