Број 3423  четврток, 04 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Втора страница

Макрадули: Нема да распишам избори

Отпатува целиот државен врв, па Македонија е оставена на тројцата потпретседатели на парламентот

Оливера Војновска


Македонија два дена е оставена без пилот во авионот. Во исто време од земјата отсуствува целиот државен врв: претседателот Ѓорѓе Иванов, шефот на парламентот, Трајко Вељаноски, и премиерот Никола Груевски. Иванов од вчера е во дводневна официјална посета на Црна Гора. Вељаноски, пак, од понеделникот е во официјална посета на Канада и, според најавите, треба да се врати наредниот понеделник - 8 ноември. А, за да биде ситуацијата куриозитетна, во државата го нема ниту премиерот, кој е во официјална посета на Украина.

Уставот прецизира дека „во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието“. Но, додека Иванов разговара со црногорските власти, Вељаноски ја предводи собраниската делегација во чиј состав се пратениците Андреј Петров од СДСМ, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, и Сафет Незири од ДУИ на средбите со неговиот канадски колега, претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот, Питер Миликен, и со претседателот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела. Државата е практично оставена на тројцата потпретседатели на Собранието: Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Рафис Алити од ДУИ и Јани Макрадули од СДСМ.

Макрадули, повикувајќи се на член 61 од Деловникот, вели дека претседателот на Собранието го заменува еден од тројцата потпретседатели, но според претходно утврден редослед. Тој тврди дека таков редослед не е направен, меѓутоа мисли дека овој пат нему му е редот да го заменува Вељаноски. И на шега додава: „Нека не се грижат, нема да распишам предвремени избори!“

Сепак, ниту Макрадули ниту другите двајца потпретседатели на парламентот, според Уставот, не може да го заменуваат претседателот на државата. Па, во една хипотетичка ситуација, доколку државата, не дај Боже, се најде во одредени специфични околности: непосредна опасност од напад, или и' се заканува природна непогода и епидемија, нема да може да се прогласи воена или вонредна состојба. Имено, таква одлука носи Собранието со двотретинско мнозинство гласови, но по предлог на претседателот на државата. А во случај кога Собранието не може да се состане, одлуката ја носи шефот на државата.

Макрадули, коментира дека ова е неодговорен однос кон функцијата и институциите. „Пред десетина дена во Македонија беше премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, не разбирам која е потребата сега претседателот Иванов да оди таму“, смета Макрадули.


#
Статијата е прочитана 1438 пати.

Испрати коментар

Од: Mile Kitic
Датум: 04.11.2010 12:43:54
Досетката на потпрестедателот на Собранието на Република Македонија е килава, затоа што за да се распишат избори, потребно е 61 пратеник да гласаат за распуштање на Собранието. Или пак можеби не е досетка, толку разбира од Уставот.
Од: Mudrec
Датум: 04.11.2010 13:35:57
Tekstov bez vrska. Vo ne daj Boze situacii site vleguvaat vo avion i za 2 saati site se tuka.
Од: kavadarci
Датум: 04.11.2010 13:40:59
Ами они едвај чекаат да распишеш избори па да ве пратат во историјата... Можеби намерно ве оставиле сами таму... :)
Од: zoro
Датум: 04.11.2010 13:43:40
rabotata e vo toa sto od 120 pratenika vo sobranieta za raspustanje i novi izbori bi glasale 140..so sve novinarite sluzbenicite i diplomatite...bc so dve race bi glasal protiv : ))
Од: Od petko
Датум: 04.11.2010 14:08:32
Bas neka gi raspise, za da izgubi povtorno, ama koj ke gi slussa kako strdaaat pak novi cetiri godini
Од: В. Кратовалиев
Датум: 04.11.2010 14:43:08
Еве шанса за опозицијата, макар и за кратко, да практикува власт.
Од: јас
Датум: 04.11.2010 15:30:52
Портокалчина ?Дали сте сигурни дека ако има предвремени избори СДСМ ќе изгуби ??Не за џабе Бранко ви е н��ќна мора !!!Здравје , кај да е за некој месец и тоа ќе дојде, само тогаш кај ќе се криете ??
Од: забеган.
Датум: 04.11.2010 16:30:18
Ич несе секирај г.Бучкоски Додека е Горчев овде тој е се и Прецедник и Премиер и Прецедник на собрание.Ако и тој не заминал негде?.
Од: Realen
Датум: 05.11.2010 00:05:46
Znaci drzavata funkcionira i bez niv! Znaci deka tie i ne i se neophodni na drzavata. Problemot e samo vo toa sto trosat ogromni sredstva za nivnite turisticki prosetki po svetot! Takov ,,javaslak,, nema ni vo edna druga civilizirana zemja!
Од: cede
Датум: 05.11.2010 02:45:29
Samo da se place ej.Pa neli si podprecedatel na sobranie.Pa angaziraj se malku.Precekuvaj gosti od stranski zemji, diplomati itn.Nosi gi na kafe i sokce, malku muabet, malku osmeh.I nemoj da ti tekne smetkata da ja plaka narodot preku razni fakturi.Smetkata ke si ja platis samiot a narodnite pari se za spomenicite i za zaslusni poedinci od vlasta.
Од: od Stojko do Mudrec
Датум: 05.11.2010 05:44:04
@Mudrec, Edno si vo pravo vo nedaj boze situacii avioni ke letaat ama nadvor.

Најди! во Утрински
Втора страница
Милионски суми за амбасадите
Mрзливите стој!
Вербатим
И Украина во гасификацијата?
Спасеновски бара поддршка






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax