„Виена иншуренс“ ќе се шири кај нас
Австриската осигурителна компанија „Виена иншуренс“ (ВИГ), најави проширување и на пазарот во Македонија.
„Бројките за првото тримесечје од годинава ги потврдуваат нашите изгледи за цела година. Особено сме задоволни од растот на договорите за животно осигурување постигнати во соработка со банките. Во Чешка првпат станавме лидери на пазарот. Овој успех не' мотивира да настојуваме да ги прошириме нашите активности и на други пазари. По Црна Гора, планираме да се прошириме и на пазарот во Македонија“, изјави претседателот на австриската групација, Гинтер Гејер. (МИА) |