Број 3336  понеделник, 19 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Македонец брутално претепан во Бугарија

Педесет и осумгодишен македонски државјанин се бори за живот откако немилосрдно бил претепан во бугарскиот град Петрич. Како што известуваат бугарските медиуми, станува збор за Томе Тонев, кој вчера изутрина со тешки повреди бил примен во Медицинскиот центар во Петрич. Последните информации се дека едно лице е приведено од страна на бугарската полиција поради сомнение дека учествувал во претепувањето на македонскиот државјанин.

„Томе Тонев (58) е во животна опасност и се наоѓа на реанимација во болницата во Благоевград откако завчера вечер бил претепан во Петрич“, јави бугарската агенција Бгнес.

Тонев бил примен вчераутро во Медицинскиот центар во Петрич околу 6 часот. Лекарски извори за агенцијата изјавиле дека тој се наоѓа во многу тешка состојба, со черепно-мозочна траума, мозочен хематом и голема загуба на крв.

„По консултациите со лекарот, било констатирано дека Тонев нема да го издржи транспортот до Институтот „Пирогов“ во главниот град. Поради тоа бил примен во Одделението за реанимација во Благоевград“, јавуваат бугарските агенции. Според нив, едно лице е приведено под сомнение дека е извршител на нападот.  (Х.Р.)


#
Статијата е прочитана 2543 пати.

Испрати коментар

Од: Nikola
Датум: 15.05.2010 07:10:33
Ete kolku se bugarite za dobri megusosedski odnosi. Varvari. Kako ne im e sram!!! Da se vidi dali storitelite ke bidat fateni ikazneti sto cisto se somnevam.
Од: dragan
Датум: 15.05.2010 08:45:14
abe so odete u bugarija neli gledate sakat u edna kapka voda da ne udavat pretepan od bugarskata policija od koj drug
Од: toni
Датум: 15.05.2010 09:55:37
Sigurno mozebi se pravel calam,od nisto belja ne stanuva i ne kinete zeleni.
Од: Доста лаги
Датум: 15.05.2010 10:02:00
човекот е за спиење со туѓа жена и е претепан од сопруг и. Сопругот е веќе во притвор. е тие тоа е вистината
Од: BgMak
Датум: 15.05.2010 10:50:43
Do privite 2 komentari: grad Petric se naogja vo Pirinska Makedonija.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Поглед
Манчо Митевски
МЕРИДИЈАНИ
Кенет Рогоф
Мислења
Ивор Мицковски

„Скопје гори 2010“
„Масив атак“ го разбранува Кале