Број 3336  понеделник, 19 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

„Скопје гори 2010“

„Масив атак“ го разбранува Кале

Бојан Шашевски

Во петокот вечерта, на 16 јули, на скопското Кале се случи ново, преродено издание на „Скопје гори“, со интересна компилација на изведувачи од бившите ЈУ-простори, зачинета со второто гостување на култниот состав „Масив атак“, еден од највлијателните бендови во дведецениската историја на бристолскиот трип-хоп звук. „Авалон продукција“, организатор на настанот, приреди навистина убаво изненадување, активирајќи го по десет години овој голем македонски целовечерен фестивал.

Во 20 часот, на Калето се појавија Србите од бендот „Сви на под“. Сосема солидно го отворија настанот „Скопје гори 2010“. Словенечко-хрватскиот поп-состав „Лолобриџида“ преку „Мој дечко је геј“, „Ружна девојка“ и „Волим те“ како да ги повикаа посетителите, па стотици насмеани лица, исполнети со енергија и искрена желба за забава, зазедоа позиции пред и околу бината, притоа окупирајќи ги шанковите. Еден обожавател, очигледно импресиониран од „Лолобриџида“, успеа да се качи на бината кај своите миленици. По духовитиот настап на двете пејачки од групата и по паузата за монтажа на сцената, дојде хип-хип атракцијата Едо Мајка, придружуван од многуброен состав со инструменталисти и рапери. Од песна во песна, босанско-хрватскиот рапер ја загреваше атмосферата и дополнително ги размрда присутните. Тој го даде максимумот на сцената – константно скокајќи и гестикулирајќи низ сите изведени теми... Постојано и' се заблагодаруваше на публиката, а се врати и на бис.

По Едо Мајка, се смени амбиентот. Следуваше поинтимна, лежерна атмосфера... Неколкуилјадната публика ја дочека црномурата Мартина Топли Брд, позната по соработката со сензационалните „Трики“, која во 45-минутниот настап импресионираше со пријатните вокални изведби, свирејќи на електронските клавијатури и гитара. Финишираше подготовката за „Масив атак“. Сите од шанковите дотрчаа на своето место, а луѓето од фан-питот пред сцената ги кренаа главите.

Ексграфити - артистот Роберт Дел Наџа алијас 3Д и Грент Маршал познат како Деди Џи донесоа еуфорија, аплауз и викање. Колаборациониот проект на двајцата Англичани, нивните инструменталисти, фузијата од електроника, даб, реге, хип-хоп, но и добрата доза на џез и соул, многу брзо ги ставија присутните во транс, па му се препуштија на концертот уште од првиот тон. Пионерите на трип-хопот беа возбудливи, експериментални, емотивни, силно доминирајќи со креативниот израз. Во еден и полчасовниот музички опус вметнаа неколку композиции од новиот албум „Хелиголенд“, но и на задоволство на многумина фанови изведоа некои од своите најголемите хитови „Ејнџел“, „Тирдроп“, „Анфиништ симпати“... Луѓето играа, постојано креваа раце и ги потпевнуваа омилените стихови, а растафаријанецот Хорас Енди и Мартина Топли Брд, официјалните гости-придружници на бендот, додаваа жар и шарм на музичката претстава. Сцената беше исполнета со светлосни ефекти, добро озвучува��е и големи видеобимови на кои визуелно беа претставени цитати и зборови од познати писатели, активисти и борци за човекови права – соодветен белег на настапите на глобалистите „Масив атак“.

По гласниот аплауз, довикувањата и воздишките, членовите на составот, сепак, не се вратија на бис. Но, тоа не ги разочара присутните, кои веќе почнаа беа под импресии, дополнети со миниконцертот на домашните „Беј д’ фиш“. Луѓето што останаа до 3 часот по полноќ можеа да присуствуваат на уште едно разиграно, колоритно шоу на единствените македонски претставници вечерта. Момчињата од „Беј д’фиш“ со енергичниот настап го означија крајот на доживувањето наречено „Скопје гори“, кое по десетгодишна апстиненција повторно донесе река луѓе на скопското Кале.

Фестивалџиите го добија посакуваното. Музичка ноќ што лесно ќе ја вметнат во меморијата и ќе можат да им прават лиги на оние што не успеаја да купат билет.


#
Статијата е прочитана 956 пати.

Испрати коментар

Од: Bojan Siljanovski-Skopje
Датум: 19.07.2010 00:15:06
Avalonci,majstori,ogromna blagodarnost od site nas koi ne sme po evtino pivo,losa skara i Ceca,sto ni ovozmozivte vo petokot da se osetime zivi! Vo petok na kale se bese tolku velicestveno sto moram da konstatiram deka Skopje taa vecer ne bese vo ovaa Makedonija!Makedonija vo koja '"patriotite"od DPMNE na narodot mu ja serviraa kako nastan arkanovata Ceca!
Од: ненаспиен
Датум: 19.07.2010 12:37:04
Добро е во што Скопје се одржуваат вакви концерти и некои луѓе се срекни поради тоа. Но, има ли некој во градов да помисли дека ваков вид концерти се одржуваат НАДВОР од градските средини, во кои има и луѓе кои сакаат нормално да спијат. Комптетентно тврдам дека вакви ЦЕЛОВЕЧЕРНИ ГРОМОГЛАСНИ СВИРКИ во урбана средина нема во нормални земји!

Најди! во Утрински
Насловна
Пациентот на Уставен
Тиквешански
Кузман Јосифовски - ПИТУархитектот на македонската држава (1)
Празно на Градска плажа
Дивиот коноп - кошмар за семејството Илиевски
Поуки од нафтеното излевање
Универзитетот ја потврди оправданоста
„Хамлет“ на Драмски театар премиерно на „Охридско лето“
Кафкин синдром
Сред сезона Охрид без бродски сообраќај
Берлусконизација на македонските медиуми
Владините мерки ќе ни измесат и поскап леб?
Карикатура
Вељаноски и Фуере охрабруваат за дијалог
Стил