Д-р Саша Митрев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип
Наша основна задача е студентите да се здобијат со знаење, а не само со дипломи
Иван Бојаџиски
Господине Митрев, навлеговме во четвртата година од реализацијата на проектот Универзитет во Штип. Дали првите три години ги оправдаа надежите и очекувањата во и од оваа високообразовна институција?
- За само три години во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ имаме 13 факултети и една висока школа, со над 10.000 студенти. Почнат е вториот циклус на студии, на прагот сме и на третиот. Се комплетира инфраструктурата на Универзитетот. Тоа говори дека „Гоце Делчев“ е насочен кон вистинските цели. Конечно, тоа е најдобриот показател дека идејата за Универзитет во Штип, која тлееше три децении, била повеќе од оправдана.
На почетокот да појасните едно уверување кое го слушаме низ регионот, дека токму овој Универзитет е галениче на Владата и на премиерот Никола Груевски. Се говори дека Универзитетот „Гоце Делчев“ добива најмногу пари, дека целото внимание на власта во високото образование е свртено кон Штип?
- Би сакал да ги разјасниме работите во однос на оваа поента, која Вие ја поставувате, бидејќи такви информации доаѓаат и до нас. Аргументирано ќе кажам дека Универзитетот „Гоце Делчев“ е успешен проект, а не некакво милениче на власта од која, секако, ја имаше нужната поддршка. Нашиот Универзитет е основан во време кога е основан и Охридскиот, но тој проект беше многу повеќе и попомпезно најавуван од штипскиот. Сепак, се случи нашиот Универзитет за само три години од формирањето да направи огромен скок во својот развој и тоа во секоја смисла. За тоа говори фактот дека имаме 10.000 студенти во првиот циклус, плус илјада во вториот, на прагот сме на нов конкурс, за еден месец, при што очекуваме нови 4.000 студенти во првиот, уште 1.000 студенти во вториот и 500 студенти во третиот циклус. Да не говорам за сите други активности што ги имаме и кои дадоа и даваат резултат. Тоа говори дека зад УГД нема политичка заднина или посебна поддршка, туку многу квалитетна работа на сите вработени на Универзитетот.
Не дадовте одговор во однос на озборувањата дека ја имате милоста на премиерот?
- Актуелниот премиер Никола Груевски е политичар кој навреме го почувствува политичкиот бенефит што може да го донесе отварањето на Универзитетот во Штип. Поранешните премиери не успеаја да го насетат тоа. Носење одлука за отворање универзитет не е едноставна работа, бидејќи тоа, во исто време, е и голем политички ризик за еден политичар. Што ако проектот не успееше, иако сите го означуваа како најголем проект во образованието во последните десет години. Какви оцени ќе беа дадени за премиерот кој најде сили, храброст и одлучност да ја поддржи дамнешната идеја. Сигурно дека тој ќе имаше многу драматични политички последици. Ние сме државен универзитет со најмал буџет меѓу државните универзитети во Македонија. Фактите можат да се најдат во „Службен весник“ во кој јавно е објавено кој универзитет колку пари од државата има добиено. Но, еве јас ќе ги кажам бројките. „Гоце Делчев“ доби 410 милиони денари, Универзитетот во Битола 680 милиони денари, Тетовскиот универзитет е со буџет од 670 милиони, а скопскиот „Свети Кирил и Методиј“ со 3,2 милијарди денари. Јас не знам од каде некои кругови ја црпат идејата и влечат паралели за пристрасноста на власта кон Штипскиот универзитет. Бројките јасно го демантираат тоа.
Универзитетот го подмлади градот Штип, го направи животот подинамичен, се говори дури и дека регионалниот центар на истокот станал поперспективен токму поради таа младост? Можни ли се такви значајни промени за период од само три години?
- Навистина е убаво, дури и неопходно, да се направи паралела меѓу Штип 2007 и Штип денес. Пред три години сите млади бегаа од градот, не гледаа своја перспектива, Штип беше град кој забрзано старееше губејќи ја својата младина. По само три години, благодарение на Универзитетот, нашиот град пак е град на младите, во центарот нема каде возило да се паркира, се отворија многу мали бизниси како резултат на потребите на Универзитетот и на студентите. Само на Универзитетот се отворија 500 нови работни места, профитираат семејствата што издаваат соби за сместување на студентите, со што се подобри нивниот буџет, скокна цената на станбената површина, имаме физичка миграција од околните места кон Штип. Убеден сум дека во 2017 година, десет години по отворањето на Универзитетот, Штип ќе биде поголем за десет илјади жители. Градот тогаш ќе прерасне во вистински едукативен, научен и економски центар на Македонија. И сето тоа по заслуга на Универзитетот.
Дали големиот број студенти кои студираат и ќе студираат на Универзитетот, нема да се одрази на квалитетот. Се говори за лабави критериуми на оценување како мотив да се привлечат повеќе студенти во услови кога во државата имаме многу факултети?
- Мислам дека е тоа погрешна перцепција за високото образование. Квалитетот е долготраен процес. Оваа масовност во високото образование кај нас е феномен што во Европа беше присутен пред неколку децении, а кај нас, за жал, задоцни повеќе години. Денес високото образование, односно првиот циклус на студии се движи во фаза на стекнување општи компетенции. Затоа во многу земји првиот циклус на студии трае три години. Веќе со специјалистичките и магистерските студии се навлегува во стекнување на специфичните компетенции и добивање соодветна диплома за одредена професија. За релативно кратко време високото образование ќе се стабилизира и ќе може да се направи анализа за изминатиот период. Времето ќе покаже во која насока треба да се подобруваме. Во контекст на ова сакам да кажам дека до 2007 година само седум проценти од граѓаните беа со високо образование, со што Република Македонија беше меѓу државите со најнизок процент во оваа смисла.
Кои се најголемите бенефити од отворањето на УГД?
- Да, би било пожелно прво да говориме за вистинските бенефити. Јавно го поставувам прашањето дали децата на посиромашните семејства од југоисточниот регион денес ќе студираа ако не беше овој Универзитет? Ќе посочам еден пример: На Факултетот по информатика имаме неколку студенти од исклучително сиромашни семејства, кои се меѓу најдобрите студенти! Ќе ги изгубеше ли општеството тие идни стручњаци во една професија на иднината, ако не беше УГД? Вториот бенефит е што овој универзитет го запре одењето на наши деца на студирање во соседните земји каде, на тоа сме барем сведоци, тие беа подложени на многу пропаганди. Сега младите, посебно од југоисточните краишта на државата, имаат можност овде да завршат високо образование, а потоа да одат било каде во светот на магистерски и докторски студии, и тоа пак со помош и поддршка на УГД. Наша основна задача е студентите да се стекнат со знаење, а не само со дипломи и во таа смисла прецизно можам да кажам дека кај нас квантитетот и квалитетот се на еднакво рамниште.
Ако, сепак, останеме само тука, ако студентите не се дружат со своите врсници од поразвиениот свет, ако не работат на заеднички проекти некои цели нема да бидат досегнати?
- Тоа е точно и на тоа поле УГД активно работи. Ние во моментот учествуваме во петнаесет меѓународни, главно, европски проекти, за кои обезбедивме целосна финансиска покриеност од ЕУ и од други извори. Голем бр��ј наставници, асистенти и вработени во администрацијата имаа(т) можност да посетат многу реномирани универзитети во Европа и во САД, со што се зголемува и интелектуалниот капацитет во средината во која живееме и на самиот универзитет. Имаме одлична соработка со амбасадата на САД, со заеднички напори отворивме американско катче преку кое се реализираат разни програми кои ги финансира владата на САД во областа на стручното и научното усовршување на студентите и на вработените. А тоа е голем бенефит во секоја смисла. Годишно меѓу сто и двесте лица од УГД одат на стручни патувања во светот без за тоа ние да имаме какви било финансиски издатоци. И тоа, само по себе, е знак дека нашиот Универзитет е со се' поголем углед и надвор од државата.
Факт е дека многу општини и стопански субјекти во регионот, во местата каде што се отворија факултети, го поддржаа УГД и така покажаа колку им е значајна оваа високообразовна институција.
- Тоа е апсолутна вистина. Поголем дел од нив отстапија свои објекти за потребите на Универзитетот „Гоце Делчев“. Општините и другите кои ни помогнаа ја препознаа визијата за тоа што значи еден државен универзитет и кој има една поширока димензија за остварување на општествената мисија. А тоа е универзитет на кој, во блиска иднина, ќе студираат меѓу дваесет и триесет илјади студенти. Сите овие факти само ја потврдуваат оправданоста од отварањето на Универзитетот во Штип како процес кој има и ќе им силно влијание на сите случувања во градот и во регионот, а посебно во местата во кои се нашите факултети.
Univerzitetot ,,Goce Delcev,, vo Stip treba da se ukine.
Ja degradira mladinata, go degradira visokoto obrazovanie i celokupnoto makedonsko opstestvo.
Од: Hari
Датум: 19.07.2010 00:13:27
Univerzitetot vo Stip ako moze taka da se narece e kulminacija na unistuvanjeto na obrazovanieto vo Makedonija sto e i cel na ovaa nepismena vlada. Kakov brat "akademik" takov e i rektorot Sasha. Toa e sram za obrazovanioto vo Makedonija, se intelektualci koi ne mozat ni dva zbora da vrzat.
Од: zoran
Датум: 19.07.2010 02:05:13
Komentarite ke gi dadat zapisanite 30.ooo studenti vo tekot na 2015/2016 godina.Samo napred
Од: Samotituliranje
Датум: 19.07.2010 08:46:52
Koj naucen i obarozven bacground go ima ovaj rektor na Stipsikiot univerzitet osvem sto mu e brat na akademikot Zan Mitrev, koj samiot si ja zede i se samonarece akademik?. A na koja toa akademija e clen za site e enigma.?!
Од: Вистина
Датум: 19.07.2010 09:15:47
Каде ке работат овие студенти кога ке дипломираат, само се одложува агонијата на овие млади луге. Што ке прави оваа држава и без занаети сите со дипломи. Ке ги видиме овие дисперзирани факултети за некоја година сите ке пропаднат. Или поентата е завршувај народе по два-три факултета па белким некој ке ти притреба. Трла баба лан да јој проџе дан. Работа бе луге работа за овие млади луге. Поздрав
Од: УГД-вистинска конкуренција за фамилијарниот МОНОПОЛ УКИМ
Датум: 19.07.2010 09:29:10
Универзитетот Гоце Делчев е токму она за кое јас уште како студент се залагав-вистинска конкуренција за фамилијарниот скопски монопол УКИМ! Мојата фамилија не можеше крај со крај да сврзе, а требаше да дава 400 Евра само за кирија и трошоци за двајца студенти во Скопје,такви фамилии како нашата ги имаше стотици илјади низ цела Македонија, што не можеа да им овозможат на своите деца минимални услови за студирање. А мислите дека тие деца беа помалку паметни од тие на богатите што студираа, тие деца од 1990та до 2007ма се сега пропаднати генерации,за сметка на децата од „угледни скопски фамилиии„ и за сметка на скоспските профитери,сега тие деца или се гастербајтери,или продавачи во колонијални продавници и сендивчари.Кој нормален студент од внатрешноста, ако немаше дебели врски, можеше да остане да работи на факултет?Имаше ли такви-НУЛА!Па нашите најдобри научниици од УКИМ на возраст помеѓу 34 и 37 години сите работат во Германија, УСА или Јапонија!Што направи УКИМ за нив?Избрка ги
Од: Stojko
Датум: 19.07.2010 09:32:28
Ke se osvrnam samo na edno nesto - na sajtot na ovoj univerzitet ne moze da se najde, pokraj mnogu drugi informaci, koi se profesori tamu??? Ne e sporno deka imaat nekolku vrvmi kadri, ama mislam deka e toa isklucok.
Од: mene
Датум: 19.07.2010 09:37:21
Jas ne znam za sto zboruva dekanot, i se pravi deka ne znae, celata makedonska javnost znae deka tolku studenti se zapisuvaat poradi labavata politika na univerzitetot. Posebno za muzickata akademija, jas poznavam barem petmina studenti koi veke ke zavrsat a ne znaat noti da citaat:)))))
Од: студент
Датум: 19.07.2010 09:37:26
УГД е перспективна институција. Не е случајно што Microsoft донираше во софтвер и знаење околу 1 милион ЕУР. Само напред.....
Од: citatel
Датум: 19.07.2010 10:31:07
Кога се отвораше универзитетот во Штип се скратија парите во буџетот за другите универзитети и се пренасочија кон овој. Мораше на сите вработени да се купат Apple компјутери. Најмногу настрадаа факултетите од УКИМ кои имаат научно-истражувачки проекти кога дел од средствата за одредени ставки им беа дадени па после десетина дена повлечени назад. Јавна тајна е дека на иниверзитетот Гоце Делчев и на ДУТ делот од плати кој го дава МОН е поголем за околу 30 %. Па така кај одредени факултети од УКИМ кои немаат голем број на студенти или значителна апликативна дејност, платата пр на еден доцент е 27000 ден. А сите знаме дека факултетите на универзитетот во Штип се акредитираа со кадри од УКИМ, кои по партиска директива мораа да потпишат дека ќе предаваат на Гоце Делчев. Иако наставно-научните кадри на одредени факултети не ги исполнуваат критериумите на МОН за доделување на научно-истражувачки проекти, истите се доделуваат по клуч на сите универзитети подеднакво. Ама не се сите исти!!!
Од: Risto
Датум: 19.07.2010 10:37:07
E...dip[l.politikolog i g-din HAri
Sigurno ste od Skopje ili od Bitola,i sega ve boli nesto okolu parite,ve bocka oti nema,t.e.se namalija studenti kaj vas ,a so toa i izdavanje na sobi (a bea za nikade oti i jas zavrsiv studii,ne samo vie).Pa sega boli .
A Vie g-dine politikolog ,zosto ne otidete da predavate na nekoi od fakultetite vo Stip?????
Od vakvi sebicni stvorovi ne se pravi nitu drzava,nitu skolstvo .ABRE NISTO !!!!!!
Од: Baba Kata od Sekulicu
Датум: 19.07.2010 11:36:18
Mi babe od Sekulicu, edvaj cekamo da zavrsat prvite generacii od fakutetite od Berovo,Vinica,Probistip, Karbinci,Tri Cesmi itd. da dojdat i da ni preporodat Sekulica i okolnite sela... Na strina Todora, edna od najpoznatite pesnopojki od Sekulicu, najvise i se dopadjala nasokata za DZEZ MUZUKA i nekakva astrokoreografija... Zini zemjo da ne gtnes!
Од: Perica
Датум: 19.07.2010 12:13:59
Ovoj Univerzitet ne e nisto drugo osven dinastija na familii. Site se familijarno povrzani, ne vleguva drug kadar osven sinovi, kerki i bratucedi. Ke navedam samo nekolku familii koi se kompletno vraboteni na Ubiverzitetot, a koi nemaat gram mozok. Familija Krstevi, Kamcevi, Golomeovi, Delipetrovi, Boevi.... zarem ne e sramota rektore?