Број 3336  понеделник, 19 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Вељаноски и Фуере охрабруваат за дијалог

Охрид - Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, вчера во Охрид најави дека оваа седмица ќе свика седница на парламентот со две точки на дневен ред - формирањето анкетна комисија и Деловник за работата на законодавниот дом. „Парламентот има капацитет, чекор по чекор, трпеливо да излезе со решение. До крајот на оваа седмица имам намера да свикам седница по двете прашања. Убеден сум дека политичките партии, кои се учесници во преговорите за двете прашања, со моја помош ќе најдат решение, во интерес на граѓаните на Република Македонија“, порача Вељаноски.

Тој изрази уверување дека никој во парламентот не работи против интересите на државата, оттаму и неговата убеденост дека до крајот на претстојната седмица Собранието ќе испорача комплетно позитивна слика за Македонија и на тој начин ќе се добие позитивен извештај за државата.

„Граѓаните не' избраа да работиме во интерес на Република Македонија, а тоа во конкретниов случај е да се оформи анкетна комисија и да се донесе деловник, односно измените на Деловникот што се на барање на опозицијата“, рече Вељаноски. Тој додаде дека завчерашните позитивни изјави на лидерите на двете најголеми партии, одат во прилог на неговата убеденост дека до крајот на неделата ќе биде најдено решение за двете прашања и тоа во пакет.

Евроамбасадорот Ерван Фуере вчера во Охрид повтори дека дијалогот е решение за сите прашања и оти ЕУ очекува несогласувањата да бидат надминати за што е потребна добра волја од двете страни. „Со добра волја и флексибилност може да се надминат недоразбирањата, а во таа насока е и улогата на претседателот на парламентот, да го искористи позитивниот дух во наоѓањето компромис“, порача Фуере. (С.И.)


#
Статијата е прочитана 463 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Пациентот на Уставен
Тиквешански
Кузман Јосифовски - ПИТУархитектот на македонската држава (1)
Празно на Градска плажа
Дивиот коноп - кошмар за семејството Илиевски
„Масив атак“ го разбранува Кале
Поуки од нафтеното излевање
Универзитетот ја потврди оправданоста
„��амлет“ на Драмски театар премиерно на „Охридско лето“
Кафкин синдром
Сред сезона Охрид без бродски сообраќај
Берлусконизација на македонските медиуми
Владините мерки ќе ни измесат и поскап леб?
Карикатура
Стил