Број 3336  понеделник, 19 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

„Хамлет“ на Драмски театар премиерно на „Охридско лето“

Со оваа претстава се мери капацитетот на сценските институции во светот

Невена Поповска

Охрид - Драмски театар за јубилејното издание на „Охридско лето“ ја подготви претставата „Хамлет“ од Шекспир, чија премиера беше изведена во петокот вечерта во Домот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Меѓу бројната публика, премиерата ја следеа претседателот, Ѓорге Иванов, со сопругата, академик Блаже Ристовски, Васил Топурковски, Лилјана Поповска, како и актерите Никола Ристановски, Снежана Стамеска, Петар Стојановски и други.

Улогата на Хамлет ја толкува Дејан Лилиќ, а режијата е на Дејан Пројковски. Ова е трет пат претставата да се поставува во Драмскиот театар во Скопје. Пред триесетина години ја режираше Слободан Унковски, кога Хамлет го играше Мето Јовановски, а во 1998 година во режија на Владо Цветановски, улогата на Хамлет ја одигра Ѓорѓи Јолевски.

Предизвикот да се одигра познатото класично дело за судирот на индивидуата и општеството е голем како за актерската екипа, така и за режисерот, кои се единствени во констатацијата дека станува збор за „претстава со сложена драмска структура, со која се мери капацитетот на сценските институции во светот“.

Режисерот Пројковски смета дека станува збор за претстава која тргнува од прашањето „Да се биде или да се биде?“ како единствен избор, во која дилемите на славниот Шекспиров лик се денешни и актуелни.

„Сметам дека за ова дело за разлика од другите класични дела е што најпрвин треба да се има актерот што ќе биде Хамлет, а потоа режисерот да реши да ја работи претставата. Според многу теоретичари, ’Хамлет‘ е едно од делата во постојан дијалог со Бога, кое треба да биде меѓу доказите што како тестамент ќе сведочи за постоењето на оваа цивилизација“, рече Пројковски.

„Да се биде денес, значи да се биде фрлен во една заедничка цивилизација каде што страдањето, осаменоста, предавството, лудилото, бедата имаат заедничко име-глобален прогрес. Нема повеќе замоци, кралеви, дворски лавиринти, на светската берза за се и сешто може да се тргува, па и со крвта на Хамлет, која, патем, е и многу ефтина“, продолжува Пројковски. Режисерот на еден сосема поинаков и современ начин ја раскажува приказната за Хамлет. „Пред неколку века, подвлекува Пројковски, тој проклет Принц Дански, во оревова лушпа сместен го виде денешниов ден и полуде од болка од очај, тука е покрај нас уште во единственото место каде што остана малку од закопаната вистина - театарот. Како Вергилиј со бесен и меланхоличен ентузијазам во исто време ќе не води низ она што со некоја чудна и несфатлива упорност-стварност со нарекуваме. Можеби е тука за да ни ја каже алхемиската формула за да не се Биде и да се ѕирне во кристалите на вселената и на ѕвезденото треперење на сите изгубени, скриени, заборавени души - минати, сегашни, идни - за сите времиња. Нашиот Хамлет е крикот на театарот - го слушаме ли?“

Дејан Лилиќ работел на демистификација на ликот на Хамлет и пред претставата истакна:„ Како никогаш досега чувствувам возбуда, но мислам дека имам и сила како никогаш. Овој Хамлет ќе биде Хамлет на цела една генерација во моментов“.

За Мето Јовановски, кој го играше Хамлет пред триесетина години, „ова дело носи универзални пораки, идеи и мисли“.

„Секоја генерација треба да го одигра својот Хамлет. Добро е што претставата ќе биде на репертоарот на Драмски, заради континуитетот на актерскиот потенцијал и заради публиката. Живееме во време на деструкција и девијации и вакво дело е креативно духовно прочистување. Важно е и за јазикот, зашто преку вакви дела се изразува неговата убавина и моќ“.

Ѓорѓи Јолевски, кој е селектор на драмската програма на „Охридско лето“, хронолошки е вториот Хамлет на сцената Драмски театар и смета дека се работи за дело во кое Шекспир опишува не само лик со слабости и доблести, туку е и опис на човештвото. „Таа улога ме опседнува до денес. Таа е бреме што еден актер постојано ќе го носи и совест што ќе го опоменува секогаш кога ќе се обиде да ја изневери“, вели Јолевски.

Ликот на Офелија го играше актерката Викторија Стефановска од Битолскиот театар, Кралот, Бранко Ѓорчев, Кралицата - Катерина Коцевска, Полониј - Драган Спасов - Дац, а големата екипа ја сочинуваа и многу млади актери и студенти на ФДУ.

„Хамлет“ беше изведен во стихувана форма, според препевот на Богомил Ѓузел. Сценографијата ја изработи Благоја Ѓуревски, костимите Благој Мицевски, а автор на музиката е Горан Трајковски.

По премиерата во Охрид, претставата ќе биде на редовниот репертоар на Драмски театар во Скопје, од следната театарска сезона.


#
Статијата е прочитана 542 пати.

Испрати коментар

Од: Дени
Датум: 19.07.2010 01:57:17
Ја имав привилегијата да ја гледам претставава токму на нејзината премиера, на Охридско Лето. Салата не беше доволна да ги збере сите кои сакаа да ја видат, па некои останаа и надвор. Одлична екипа, особено Деан Лилиќ, Викторија Стефановска и младите актери од ЕСРА и ФДУ. Секоја чест, одлично потрошени 500 денари и 3,5 часа, дефинитивно ќе ја гледам пак во Драмски.
Од: terezija
Датум: 19.07.2010 14:52:26
Ako nemav trpenie do kraj da go dochitam text-ov, ke si ostanev so zakluchokot deka se raboti za MONODRAMA -ta na akterot D. Lilik' - naslovena kako "HAMLET"...??! A kolku bev i prethodno upaten, znam deka stanuva zbor za edno KOLEKTIVNO scensko delo na Dramski teatar od Skopje so gostinkata od prestizniot Bitolski Naroden teatar Viktorija Stepanovska... Zarem pobitni se faktite koi bile 2 - ta prethodni Hamleti (sekoja chest na Meto i Gjorgi) negoli doprinesot i ostvaruvanjeto na celata akterska ekipa - pogotovo vdahnovenata V. stepanovska vo likot na Ofelija ?! P.S./ Nikako da se iskorenat "starite naviki" Metropolata > Provincijata... A moeto "skromno" teatarsko poznavanje , mi dava za pravo da go konstatiram slednoto : Po nekakov si arshin za kultura - potochno TEATARSKI ARSHIN, Bitola otsekogash bila i seushte e Metropola vo odnos na Skopje, se razbira gledajki niz "teatarska-prizma"...

Најди! во Утрински
Насловна
Пациентот на Уставен
Тиквешански
Кузман Јосифовски - ПИТУархитектот на македонската држава (1)
Празно на Градска плажа
Дивиот коноп - кошмар за семејството Илиевски
„Масив атак“ го разбранува Кале
Поуки од нафтеното излевање
Универзитетот ја потврди оправданоста
Кафкин синдром
Сред сезона Охрид без бродски сообраќај
Берлусконизација на македонските медиуми
Владините мерки ќе ни измесат и поскап леб?
Карикатура
Вељаноски и Фуере охрабруваат за дијалог
Стил