Број 3336  понеделник, 19 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

МЕРИДИЈАНИ

Поуки од нафтеното излевање

Кенет Рогоф

Зошто јаглероден данок сега би бил одржлив, кога никогаш порано не бил?

Можеби е само пуста надеж, но можно е тековната катастрофа со нафтеното излевање во Мексиканскиот Залив, конечно, да ја катализира поддршката за американска еколошка политика. Да, виновниците треба да се казнат и за да се задржи вербата на граѓаните дека преовладува правдата и за да се натераат другите нафтени производители добро да размислат околу преземањето преголеми ризици. Зошто треба да има некаква причина за надеж, особено со оглед на тоа што американската политика за заштита на животната средина се заснова на нереално верување дека мали субвенции за нови енергетски технологии можат да заменат даночно поттикнати иницијативи за цени, за производителите и за потрошувачите?

Факт е дека нафтеното излевање на „Бритиш петролеум“ (БП) е на врвот да стане политички менувач на играта од историски размери. Гневот е посебно присутен кај младите луѓе. Луѓето на дваесетгодишна возраст, веќе изложени на стрес од вонредно високите стапки на невработеност, сега стануваат свесни за фактот дека моделот за развој на нивната земја - онаа во која сонуваат да бидат дел - е, всушност, целосно неодржлив.

Дали може повторно будењето на гневот на гласачите да биде билет за разгорување на интерес за јаглероден данок? Јаглероден данок, за што одамна се залага широк спектар економисти, е генерализирана верзија на данокот за гориво што ги опфаќа сите форми на јаглеродни емисии, вклучувајќи емисии од јаглен и природен гас. Во принцип, може да се создаде систем на квантитативни рестрикции, „трговија со емисии“, со кој се постигнува голем дел од тоа - и се чини дека е поприфатливо за политичарите кои би скокале низ обрачи за да се избегне употребата на зборот „данок“. Но, јаглеродниот данок е многу потранспарентен и потенцијално помалку наклонет на стапиците што се забележуваат во меѓународната трговија со јаглеродни квоти. Јаглеродниот данок може да помогне да се зачува атмосферата, а во исто време да се обесхрабрат некои од најегзотичните и најризичните енергетско-истражувачки активности, така што ќе ги направи непрофитабилни. Секако, мора да има подобра и построга контрола на извлекувањето енергенси во близина на крајбрежјето. Но, одредувањето цена за емисиите на јаглерод дава интегрирана рамка да се отфрлат старите енергетски технологии од ерата на јаглеродот и да се поттикнат нови.

Залагањето за јаглероден данок не треба да биде само начин за искористување на трагедијата во Заливот за да се помогне финансирањето на преголемите трошења на владата. Попрецизно, јаглероден данок би можел да замени огромна низа даноци, кои, конечно, следат во секој случај поради огромните буџетски дефицити на владата. Зошто јаглероден данок сега би бил одржлив, кога никогаш порано не бил? Поентата е дека кога луѓето можат да визуелизираат проблем, тие се многу помалку способни да го примат со резерва или да го игнорираат. Неко�� велат дека на младите луѓе од богатите земји премногу добро им оди за да се мобилизираат политички, најмалку масовно. Но, тие би можеле да се радикализираат од изгледите да наследат многу оштетен екосистем. Всушност, веднаш под површината се крие избувливост. Рекордната невработеност и екстремната нееднаквост можеби изгледаат помалку толерантни, бидејќи младите луѓе сфаќаат дека некои од најценетите „бесплатни“ работи во животот - не може да се прифатат здраво за готово.

Можеби јас сум преголем оптимист во размислувањето дека трагедијата во Мексиканскиот Залив ќе поттикне почувствителна енергетска политика што се обидува да ја ублажи потрошувачката место константно да бара нови начини да ја стимулира. Голем дел од американската политичка реакција беше сконцентрирана на демонизирање на БП, место да се размисли за подобри начини да се балансираат контролата и иновациите. Политичарите сакаат да го свртат вниманието од нивните погрешно водени политики. Но, би било многу подобро доколку направат обид да ги поправат. Пролонгиран мораториум за енергетско истражување во крајбрежјето, но реалната трагедија од нафтеното излевање ќе биде ако запрат тука.

(Авторот е професор по економија и државна стратегија на Универзитетот Харвард, и поранешен главен економист во ММФ. Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)


#
Статијата е прочитана 306 пати.

Испрати коментар

Од: seuste normalen
Датум: 19.07.2010 10:00:44
Eeee sega im tekna! A so godini odolgovlekuvaat i ne se potpisnicki na dogovorot od Kjoto za namaluvanje na emisijata na ga gasovi vo atmosverata. Ni Amerika ne e ona sto bese, vlegoa i tie vo "sivata zona". A ova za taksite za "jagleroden danok", ve molam ne go potencirajte, ne daj boze na ovie pomamenive VMRO - ovski ulicarcinja da im tekne i kaj nas da go vovedat. A pa da ovie na Ljiljana od DOM ke ne branat na celo so Zetot Pero, muzejskiot direktor! E zeleni zeleni, ...tresete, tresete, pa zdravje ... ke tresnete.... sto mislite nevidlivi ste!?

Најди! во Утрински
Насловна
Пациентот на Уставен
Тиквешански
Кузман Јосифовски - ПИТУархитектот на македонската држава (1)
Празно на Градска плажа
Дивиот коноп - кошмар за семејството Илиевски
„Масив атак“ го разбранува Кале
Универзитетот ја потврди оправданоста
„Хамлет“ на Драмски театар премиерно на „Охридско лето“
Кафкин синдром
Сред сезона Охрид без бродски сообраќај
Берлусконизација на македонските меди��ми
Владините мерки ќе ни измесат и поскап леб?
Карикатура
Вељаноски и Фуере охрабруваат за дијалог
Стил