Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Полицијата негира дека се прислушува неконтролирано

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вчера ги демантираше обвинувањата во јавноста изречени од експертите дека, по последните законски измени во сферата на следењето на комуникациите, нема контрола во прислушувањето. Во писмената реакција до медиумите, министерката тврди дека тоа се прави по потреба, во соодветна процедура, како и исклучиво по наредба на истражен судија.

„Полицијата ниту од донесувањето на Законот за следење на комуникациите во 2006 година ниту од стапувањето на сила на измените на Законот не смее да ги следи комуникациите по сопствено наоѓање. Напротив, Законот точно ги предвидува процедурите како и кога може да се применуваат тие мерки. Основно е тоа што полицијата не смее да ги применува овие мерки во ниеден случај доколку нема наредба за тоа од истражен судија. Суштината на измените е во тоа што попрецизно се одредуваат кривичните дела за кои истражниот судија може да издаде наредба за следење на комуникациите“, нагласува Јанкуловска.

Во однос на тврдењата дека Законот од 2006 година предвидувал употреба на посебните мерки само во случаи на основано сомнение, а сега се проширувале и на оние случаи кога имало дури и основи за сомнение, таа вели дека во тој дел нема никакви измени.

Таа појаснува дека измените се однесуваат единствено на приспособувањата кон Законот за кривична постапка, каде што во член 142-б точно е предвидено во кои случаи може да се употребуваат посебни истражни мерки. Јанкуловска негира дека со измените не се предвидува уништување на материјалите добиени со следење на комуникациите, повикувајќи се на членот 26, каде што точно се дефинира начинот на ништење на материјалите во присуство на комисија составена од судија, јавен обвинител и официјално лице од МВР.

За министерката, најбитното прашање е дека гаранциите за слободите и правата на граѓаните нема да бидат засегнати.

„Донесувањето на Законот и измените се токму заради поточно дефинирање и спречување на евентуалните злоупотреби на уставната можност за следење на комуникациите. Затоа и самиот закон предвидува граѓаните да можат да побараат отштета доколку сметаат дека нивните права се нарушени“, нагласува Јанкуловска и додава дека досега немало ниту една поплака.

Првиот човек на МВР повика да се пријавуваат случаите за незаконско прислушување, подвлекувајќи дека измените биле донесени во консултации со бројни експерти и практичари од судската власт и Јавното обвинителство. (Г.Д.)


Статијата е прочитана 217 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Владата бара дисперзирани студии од Скопскиот универзитет
Затворските услови во Македонија се нечовечки, оценува Стразбур
Раѓајте деца, власта чести!
Рамковски го смени уредникот на „Шпиц“ Героски
Симпозиум во ОН за поддршка на жртвите на тероризмот
Ванчо Апостолски
Административците најмногу на боледување
Македонија е пример за мултиетничко општество