Брoj 2784  четврток, 11 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Рамковски го смени уредникот на „Шпиц“ Героски

Сменет сум поради политички причини, вели Бранко Героски

Светлана Унковска



Главниот уредник на бесплатниот весник „Шпиц“, Бранко Героски, вчера беше сменет од функцијата и наедно доби отказ од сопственикот Велија Рамковски, поради, како што му било речено, политички причини. На негово место е поставен новинарот и уредник во весникот, Ивица Антевски.

Рамковски на вчерашната средба со Геровски отворено му рекол дека единствена причина за неговата смена се ставовите околу спорот со името и со владината надворешна политика кои биле дијаметрално спротивни со неговите и затоа веднаш треба да го напушти кормилото на весникот, а во рок од три месеци и од самиот весник.

„Како што е познато, јас ја критикувам политиката на премиерот Никола Груевски и се залагам за компромис со Грција и брз влез во НАТО и во ЕУ за да се спречи изолацијата на земјава. Тој рече дека моите позиции ги смета за екстремни и довчерашната одлична соработка меѓу мене и него беа заменети со некои други причини и јас едноставно морам да заминам“, изјави Героски за „Утрински весник“.

Неговиот впечаток е дека до смената доаѓа поради, како што вели, деликатната ситуација кога меѓународниот фактор, најверојатно за последен пат ќе се обиде да изврши притисок за да се реши спорот со името. Премиерот Груевски во празничното обраќање на 8 септември повика да нема разлики околу владиниот став за овој спор, но Героски претпоставува дека тој, како еден од оние кои имаат поинакво мислење, за кое вели дека воопшто не го смета како екстремно, морал да биде сменет.

„Јас сум свесен дека кога сопственикот и уредникот ќе застанат на спротивни позиции, уредникот е тој што треба да си замине и во принцип не му се лутам, иако, искрено сум изненаден, затоа што ова е првпат отворено да се каже дека причините се политички, што е еден феномен“, вели Героски.

Првиот сомнеж, како што вели, кај него се јавил кога во завчерашниот текст во весникот „Вечер“ повторно била извадена рибарската приказна, која ја смета за еден смешен инцидент, но покрај тоа во содржината било наведено и дека весникот правел загуби, што директно му укажало дека разговори биле водени на неколку нивоа.

Бранко Героски вели дека со Рамковски се договориле во наредниве три месеци колку што ќе остане во „Шпиц“ да продолжи со пишувањето на неговите колумни и се надева дека тој ќе опстои на овој договор.

Тој првпат ја започна соработката со Рамковски како уредник на „Неделно време“, кое излегуваше кратко време, а потоа и како уредник на првиот бесплатен дневен весник „Шпиц“. Кратко време беше и уредник и водител на истоимената емисија „Шпиц“, која се емитуваше на А1 телевизија.

 


Статијата е прочитана 1519 пати.

Испрати коментар

Од: reality
Датум: 10.09.2008 22:40:35
Eftino se prodade Gerovski. Te iskoristi Tuzot seljakot i sega te sutna ...taka i treba ne e se vo parite a mislam deka i dovolno ti bese da go slusas .....A sto pa Velija kao nesto zagrizen za imeto??? nema koj od nas da se grizi tuku ostanavme Torbes ko bajagi da se grizi za nasite interesi?? kako voopsto prifakjaat urednicive da rabotat za nego i da gi slusaat negovite prosti muabeti........Gero bolje ti e vaka veruvaj...samo pokaj se prijatele i drug pat biraj civiliziran vesnik.
Од: читател
Датум: 11.09.2008 00:17:10
Ајдееее уште еден памфлет на ДПМНЕ и Шпиц станува партиски весник. Лелеееее каде оди демократијата во земјава???Сите газди на медиуми во Македонија печалат од топ шоп владата на Груевски. Убав бизнис. Народни пари завршуваат кај газдите на локалните и на националните медиуми.
Од: Skopje
Датум: 11.09.2008 01:34:39
Velija Ramkovski iskreno ke zazali za ovoj poteg zosto gospodinot Geroski e eden od najdobrite sto gi imase vo "Spic" . Jas licno samo poradi nego go zimav "Spic" a sega veke nema da me interesira. Velija se odnesuva kako nedorasnato dete zosto ako se brkale od rabota novinari poradi politicki pricini togas Latas bi trebalo PRV da "leta" od "Vecer" i "Sitel". Neka se zasrami Ramkovski.
Од: Tajkunizacija na mediumite
Датум: 11.09.2008 01:35:45
Ramkovski e ekonomski, no, i mediumski tajkun. Toj e sopstvenik na dva dnevni vesnici i dve TV stanici! Toa ne e dozvoleno vo koja bilo demokratska zemja! Ramkovski gi koristi pecatenite i elektronskite mediumi za nekontrolirano zgolemuvanje na svojot kapital/bogatstvo. Kaj nego nema i ne smee da vleze finansiska kontola. Toj ednostavno na najgrub nacin gi brka finansiskite policajci od negovite firmi! Vlasta ne smee da praka finansiski inspektori vo negovite firmi bidejki vednas ke se najde ,,na tapet,, na negovite mediumi!
Од: petre
Датум: 11.09.2008 02:13:14
dobro bre, koj se novinarite da kreiraat politika na drzavata???? koj e ovoj smesen tip uporno da nametnuva svoe mislenje na citatelite? koj mu dava za pravo da naviva za unistuvanje na makedonija i na makedonskata nacija vo ime na "svetla idnina vo eu i vo nato"? arno e sto konecno go sutnaa i n ikogas poveke da ne mu se dade da pisuva. neka pisuva novinarski izvestai, za toa tolku ima skolo i znaenje, a za se drugo ne go biva.
Од: Todor
Датум: 11.09.2008 07:06:12
A sto bese toa Shpic???
Од: anonimen
Датум: 11.09.2008 07:40:55
Ako vcera AMERIKANCITE na prasanje od grcki novinar jasno i glasno na pres vo stejt departmentot rekoa deka na MAKEDONIJA ke i se obrakaat so ustavnoto ime i po pregovorite se dodeka toa go sakaat makedoncite,bidejki amerikancite ne gi menuvat stavovite na sekoi pet minuti kako portparolot na sdsm Crvenkovski koj e slucajno Predsedatel na Makedonijav i kompanijata okolu nego a tuka e i Gerovski koi uporno insistiraat da se napravi kompromis za imeto GLUPOS NEVIDENA .
Од: zrze
Датум: 11.09.2008 08:30:28
E dragi moi toa e prodolzuvawe na prerodbata vo 100 cekori.Mislam deka mnogu kako g-din Gerovski koi mislat pravilno za drzavata no za zal porazlicno od Grujo i negovite ke bidat taka tretirani.Taka vo EU i NATO nema nikogas da stasame.
Од: gimce
Датум: 11.09.2008 08:37:29
E moj Gero, taka e koga sees tikvi vo tuga niva. Vo ovaa drzava i i Ajnstajn ke bese nevraboten, i Pulicer ke bese vladin novinar .... da ne redam natamu. Pamet vo glava i nemoj veke da ja kritikuvas vladinata politika.
Од: branko
Датум: 11.09.2008 08:43:27
A kaj ke odi sega Gerovski?
Од: sonja
Датум: 11.09.2008 08:58:42
Ova sto se slucuva e jasno kako bel den bidejki sekoj onoj sto zboruva ili pisuva za gruevski i negovata vlada ke bide eliminiran i na sekoj nacin ponizen sto e taktika na ovaaaa vlada, a se razbira i zatoa donesoa i takov zakon da mozat sto sakat da pravat neka ni e nazdravje.
Од: Sale
Датум: 11.09.2008 09:32:19
Ова е ДИКТАТУРА. Диктатура на најголемите гнаси од Македонија собрани на едно место. Сега Македонија може да се пофали дека го држи високото ПРВО место во светот во кастрење на слободата на говор и мисла.
Од: vera
Датум: 11.09.2008 09:35:07
Se cudam na glupostite na G.Ramkovski.Sto bara da se pletka vo politikata i sto e najtragicno se mesa vo ureduvackata politika na svoite urednici.Televizijata se poveke zalicuva na Sitel, a G.Ramkovski na Latas.
Од: novinar
Датум: 11.09.2008 10:07:22
Ramkovski-simbol na tragedijata na nasata tranzicija!Piljar,so tri razreda osnovno,najpoznat neplakac na danok na Balkanot,krsitel na site vozmozni zakoni od oblasta na mediumite-drma so Makedonija.Toa e drustvoto na nasiot premier.Velija pred nekoja godina razbra koj e Petre Andreevski,koj e Krste Misirkov,a pred edna nedela deka na 8 septevri 1991 sme imale referendum.Dava falsifikat nagradi Misirkov,a ovie priznanija veke 50 godini gi dodeluva Zdruzenieto na novinarite n Makedonija.Kade e Robert Popovski so negovata tajfa vo ZNM da reagra. Kako i da e ,balonot e veke naduen,se gotvi da puka,neka mu ja misli Grujo i negovite Velija,Zingo,Stojmenov i drugite unistuvaci na Makedonija.
Од: До Геровски
Датум: 11.09.2008 11:34:49
Геровски биди срекен што не заврши како Зоран Заев туку на добар начин си отстранет.
Од: Орвеловски Орвелчо
Датум: 11.09.2008 11:49:00
Така и му требаше, од поодамна! Кај се видело Новинар или Медиум, а особено Уредник, да изнесува мислење или пак став, кога тие се против Владата. Ова е Македонија. Едвај чекам да почне и Прислушкувањето, озаконето, како демократска придобивка. Па, новинарите, оние кои шепотат по кулоарите и со тоа да престанат.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Владата бара дисперзирани студии од Скопскиот универзитет
Затворските услови во Македонија се нечовечки, оценува Стразбур
Раѓајте деца, власта чести!
Симпозиум во ОН за поддршка на жртвите на тероризмот
Ванчо Апостолски
Полицијата негира дека се прислушува неконтролирано
Административците најмногу на боледување
Македонија е пример за мултиетничко општество